Halkias е на неполни 250m оддалеченост од плажата и шеталиштето. Во близина на куќата е стариот плоштад на Пефкохори, старата црква, ресторани и барови. Куќата нуди сместување во пространи двокреветни, трокреветни и четворокреветни апартмани во ниско приземје, прв и втор кат. Опремени се со кујна (решо со две рингли), фрижидер, купатило со туш када, клима уред (вклучено користење во цената) и сателитска ТВ. Секој од апартманите има по два балкони, еден со поглед кон улицата, а вториот со поглед кон внатрешниот двор. Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш во текот на престојот.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден
/сопствениците можат да ја сменат одлуката за вклучено користење на клима уред, доколку дојде до драстично зголемување на цената на струјата/
• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.
• Такса за престој во висина од 0,5 eur на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место, при влез во објектот.
НАПОМЕНИ:
• Во собите се влегува од 16:00 часот, а се напуштаат до 09:00 часот
• Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.
• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.
• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.
• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.
• Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен
• Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)
• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.
• Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори
Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Промена на датумите, како и промена на сместувањето, ќе се третира како откажување на резервацијата.
• Трошоците за промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 10 еур по резервација.
• Организаторот не гарантира кат, поглед, број на сместувачката единица, доколку тоа не е наведено во ценовникот.
• На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.
• Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
· Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
· Ваучерот се добива недела дена пред почетокот на патување.
· Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.
• Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel