Идеален редослед на користење на содржините на СПА центрите

Сигурно веќе знаете дека во спа центарот мораме да бидеме тивки, да ги исклучуваме мобилни телефони и да ја почитуваме приватноста на другите. Но дали знаете кој е правилниот тек на користењето на СПА и велнес содржините?

 

Многумина грешат, кога на пример, мокри по базенот одат директно во сауна или по сауната одат директно во парна бања. ART OF TRAVEL во соработка со стручните лица ви го претставува идеалниот распоред, за да ви помогнеме во идните уживања на прав начин.

 

 

  1. Додека сеуште сме суви, по доаѓањето во СПА центарот, најпрво одиме во солената соба. Нејзините придобивки за дишните патишта, со само еден престој, заменуваат 3-4 дена поминати на море. Возрасните можат да престојуваат и до 40 мин., додека препораката за престој на децата во солената соба е 20 мин.

 

  1. По солената соба, следува базен. Температурата на водата е обично околу 28 – 30 степени, освен базените со термални води кои се потопли. Вие сами ќе одберете дали само ќе се релаксирате во базенот или ќе пливате. По излегувањето следи туширање.

 

  1. Со туширањето ќе ја исчистиме кожата од базенските хемикалии и нечистотијата. Не сакаме да дојде до нивните испарувања подоцна во сауната. Не заборавајте дека и пред да влезете во базенот, треба да се истуширате, а тоа можете да го направите и во својата соба. Со тоа ги елиминираме трагите на парфемите, дезодорансите и останатите нечистотии.

 

  1. Следат топлите клупи, наречени калдариуми и тепидариуми. Служат за отпуштање на мускулите и загревање на телото пред влез во сауната. Нивната температура е околу 36 – 40 степени. Се користат 15 – 20 мин.

 

  1. Кога сте се навикнале на повисоката температура, време е, суви и завиткани во пешкир да ја посетите сауната. Ќе се ослободите од штетните материи во организмот и вишокот на течности. Сосема се доволни 15тина мин. По излегувањето повторно следи туширање но, се препорачува со поладна вода, поради циркулацијата. Никогаш не употребувајте жешка вода за туширање по сауната, повеќе ќе ви штети отколку користи. Важно е разладувањето. Се препорачува и доплнително пливање во базенот.

 

  1. А тогаш следи – неговото височество, џакузи! На многумина им е омилено и навистина, ништо подобро од тоа кога по се претходно наведено, ќе следи подводна масажа во топла вода. Стресот и напнатоста веќе не постојат.

 

  1. На самиот крај, можете да одите во парна бања, по што следи туширање и релаксација на лежалките со добра книга. Телефоните, иако не се забранети, не се препорачува да се употребуваат додека сте во СПА центарот за да се постигне потполна релаксација.

 

 

Се надеваме дека овој текст ќе ви биде од помош. Кога ќе ги испробате нашите совети, ве очекуваме со коментари!

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel