РТАЊ

ЗИМА 2021 / 2022

РТАЊ

 

Легендите и митовите за скриеното богатство во нејзиното средиште, вонземјаните и огнените топки кои ја надлетуваат, приказните за позитивната енергија со која зрачи, несекојдневната убавина, совршениот геометриски облик на пирамида и лековитите билки кои растат само на нејзините падини, ја чинат планината Ртањ се’ уште недоволно истражена природна убавина.

 

Ртањ претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. Најпознат е Ртањскиот чај (Saturea montana) кој има многубројни лековити својства. На ртањскиот врв – Шиљак (1.565 m), како симболот на планината, се наоѓаат остатоците од некогашната црква Св. Ѓорѓи. Оваа црква е изградена во 1935-та година, од страна на Грета, сопруга на сопственикот на рудникот „Ртањ“ Јулиус Минх, во знак на неговото сеќавање и со помош на 1000 работници. Денешниот изглед го должи на трагачи по златото кои ја рушеле во повеќе наврати. 

 

Она што ви препорачуваме да посетите, додека престојувате на Ртањ:

  • Посета на градината со ружи на семејството Минх, кои ја основале населбата
  • Врело – локалитетот со позитивни магнетни зрачења кои имаат благотворно влијание на организмот.
  • Боговинска пештера, долга скоро 6 км (за посетителите достапни околу 500 м). 
  • Археолошко наоѓалиште Гамзиград со монументална царска палата од римско царство „Felix Romuliana.“
  • Преубавото село Врмџа со 40тина природни извори, лековита вода, римска тврдина, етно музеј, старо училиште, каде што можете да купите еколошки производи (мед, џем од шумско овошје, ракија, сирење…)
  • Лазарева пештера, најдолгата пештера во Србија (9.505 м), позната по необичен пештерски накит, во двете дворани, „Концертна“ и „Двораната на лилјаците“, каде што живеат 24 врсти на лилјаци од 27 врсти регистрирани во Европа
  • Манастирите Света Петка, Лозица, Лапушње, Покрова Св. Богородице и Св. Роман
  • Сокобања

Etno Hotel Rtanj Balasevic – Rtanj

Во склоп на комплексот Етно Хотел Ртањ Балашевиќ, во понуда е сместувањето во хотелската зграда, десет бунгалови и два депанданси со апартмани. Собите се со два единечни...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel