Модерен хотел Дрина е сместен во самиот центар на Бајина Башта, во пешачката зона и непосредна близина на реката Дрина, по која и го добил името. Зградата се наоѓа помешу двете главни улици, ушушкана во раскошното зеленило на блиските паркови. Хотелот нуди 26 lux соби, 44 стандардни соби и 1 апартман, ресторан, пицерија, конференциска сала со 250 места, летна тераса, теретана и сауна.
Можност за доплата на излети, кои ги организира хотелот:
Тара 1 (Бајина Башта – Манастир Рача – Калуѓерски бари – видиковец Црњесково – црка на Тара – посета на ергела)
Тара 2 (Бајина Башта – Заовине – Бањска карпа – Тепих ливада – Митровац – Козја карпа – Перуќац – река и ресторан Врело)
За валидна резервација потребна е уплата од мин 50%. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање. Плаќањето е по курс 1 еур=62 ден. Цените се валидни за плаќање во готово или на ф-ра.
За резервација се потребни:
-име и презиме од сите патници
-датум на раѓање на децата
-контакт телефон
-е-маил адреса (доколку ја поседувате)
Политика на откажување од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до хотелот. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
Од моментот на потврдена резервација до 45 дена пред поаѓање – 10% од вкупната сума
44 – 30 дена пред – 20%
29 – 20 дена пред – 30%
19 – 15 дена пред – 50%
14 – 6 дена пред – 90%
5 – 0 дена пред – 100% (или во текот на престој)
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel