7% попуст на вонсезонски и 15% попуст на сезонски цени за резервации заклучно со 09.01.2026 за 50% уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 06.02.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
7% попуст на вонсезонски и 15% попуст на сезонски цени за резервации заклучно со 09.01.2026 за 50% уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 06.02.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
VAIA cе наоѓа на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на куќата има простор за паркирање на возила.
Апартманите имаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи, како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори. Сите апартмани се на втор кат освен апартман бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на куќата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди.
Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) –прв кат. Апартманот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Апартманот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартманброј 2 (1/2)– втор кат. Апартманот располагасодва одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба.Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена сомаса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 3 (1/3+1)– втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 4 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартманброј 5 (1/2) –втор кат. Апартманот располага содва одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш
40.398902, 23.880482

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
• ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН/ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
• За возрасни 55 евра, еден правец 45 евра
• За деца до 12 години 45 евра, еден правец 40 евра
• Деца до неполни 2 години бесплатно, без седиште
• ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
• ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
• Во вонсезонските цени во апартмани плаќаат минимум 4 лица;
• Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
• Во апартман / дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
• Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
• Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
• Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
• Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
• Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
• Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
• Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
• Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
• Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
• Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
• За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
• Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
• Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
• Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
• Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
• Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
• Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
• Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
• Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж превозникот и агенцијата не може да сносат одговорност, истата е на секој патник поединечно.
• Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
• Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
• Скопје – хотел ‘Russia’
• Куманово – БП Макпетрол (автопат)
• Велес – БП Макоил
• Неготино – БП Макпетрол Неготино
• ГП Богородица
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel