Tzouli House - Jerisos, Atos

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

80 метри

Грција

Халкидики>Атос>Јерисос

TSOULI 1 cе наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата куќа располага со вкупно 6 сместувачки единици, од кои 5 се во нашата понуда.

Апартманите и студијата се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до куќата има паркинг (не е сопствен).

Дуплексот број 1 и апартманите број 2 и 3 се на прв кат над ординацијата со големи тераси, а студијата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад ординацијата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори, за сонце за секое студио посебно.

 

40.399310, 23.880143

 

Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.

Апартман број 2 (1/5) –  1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

Апарман број 3 (1/5) – 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Сопствен тоалет со туш. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса која е со поглед позади во дворот.

1/2 + 1 студио број 4 – 2 единечни стандардни кревети + дополнително помошно легло.

1/2 + 2 студио број 5 – брачен кревет + кревети на спрат.

1/3 + 1 студио број 6 – брачен кревет + еден стандарден кревет и кревет на извлекување.

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

·        ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.

·        За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.

·        Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица или 3 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;

·        ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:

·        За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

·        За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)

·        Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

·        Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

·        Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

·        Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

·        Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).

·        Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.

·        Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

·        Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.

·        Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.

·        За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

·        Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.

·        Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

·        Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

Можеби ќе Ви се допадне

AQUA SUITES 2 – Nei Pori, Pieria

SAVAS – Nea Flogita, Solunska regija

LEMONIA – Stavros, Strimonikos

TASOS – Neos Marmaras, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel