Tulis House - Polihrono, Kassandra

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од море

300 метри

Грција

Халкидики>Касандра>Полихроно

ЦЕНИТЕ СЕ СО 20% ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.12.2025
ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ТРЕБА ДА СЕ ДОПЛАТИ НАЈДОЦНА Д0 30.01.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата. Располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, игралиште за кошарка и приватна теретана. Во секој апартман на пасполагање се големи пешкири за туширање. Одличен избор за семејства. 2024-та година имавме само пофалби за комодитет, хигена, локација и гостопримство. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на куќата.

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

Располага со 11 апартмани поделени во две згради.

 

 

Во зграда број 1 се наоѓаат:

Апп бр. 8 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручавање и брачен кревет. Лево е тоалетот. Спалната е со брачен кревет, вграден плакар, тоалетна маса. Оваа соба гледа кон двор.

Апп бр.9 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје, веднаш до апартман бр. 8. Апартманот има соба со брачен кревет, плакар и фрижидер (голем). Десно е тоалетот со стандардна големина. Во кујната, која е комплетно опремена има брачен кревет, масичка за ручавање, плотна со две плочи, електрично ѓезве за кафе, тв и клима. Спалната и кујната се одделени со врата. Апартманот е ист како апартман број 8.

Дуплекс апп бр.10 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на прв кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, плотна и маса за ручавање. Лево се наоѓа тоалетот, а десно има соба со брачен кревет и еден единечен кревет, плакар и тв. Другата соба има брачен кревет и клима. Собата гледа према двор.

Апп бр. 12 (ЗА 3 ЛИЦА)- се наоѓа на неколку скали над приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо и маса за ручавање. Лево е тоалетот, а право соба со брачен кревет и еден единечен кревет, каде се и тв и клима. Оваа соба гледа кон паркингот.

Апп бр.13 (ЗА 3 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручавање и софа за спиење во кујна (препорачуваме на софата да спие дете). Тоалетот е десно, а право се наоѓа спалната соба со брачен кревет, тоалетна маса, тв и клима. Оваа соба има поглед кон паркинг и има посебен влез позади.

 

 

Во зграда број 2 се наоѓаат:

Дуплекс апп бр.1 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на високо приземје(меѓу кат). Веднаш лево е едната спална соба со брачен кревет, голем плакар, тоалетна маса и климата. Другата спална соба има брачен кревет и еден единечен кревет, со балкон кој е заеднички со кујната, телевизор. Право е тоалетот, а од десна страна пространа кујна опремена со сите елементи, голем фрижидер и масичка за ручавање со тераса со мал поглед на море.

Апп бр.2 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на прв кат. Има спална соба со еден брачен кревет и еден единечен кревет, со вграден плакар. Комплетно опремена кујна со софа на спуштање. Балконот е со поглед на двор.

Апп бр.3 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на прв кат, за оваа соба има посебен влез и има 9 скали за до првиот кат. Голема кујна со единечен кревет, со плотна и голем фрижидер. Право е тоалетот. Има спална со брачен кревет и софа. Климата и тв се во спалната. Има две тераси, една со поглед кон градина и еден со поглед кон двор.

Дуплекс апп бр.4 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на прв кат. Едната спална е со брачен кревет, другата е со брачен кревет и еден единечен, а плакарот е во ходникот. Апартманот има целосно опремена кујна и голем фрижидер. Оваа соба има тераса во ге и има поглед према море.

Апп бр.5 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на втор кат. Десно е соба со брачен и еден единечен кревет, со тв и клима. Апартманот има комплетно опремена кујната со софа, плотна и голем фрижидер. Лево е тоалетот. Тераса со поглед на двор. Препорака е за максимум двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.

Апп бр.6 (ЗА 4 ЛИЦА) – е апартман на втор кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет и единечен кревет и посебна кујна каде што има софа на пуштање и единечен кревет. Препорака е за максимум  двајца возрасни и две деца.

ГАЛЕРИЈА

Во цената не е вклучено
• Туристичка такса 2 еур. на ден (се плаќа во агенција)
• Здравствено и патничко осигурување
• Клима уред се доплаќа на лице место во објектот

• Превоз – за возрасен 50 еур / 40 еур во еден правец; Деца од 2-12г. 40eур / 35 еур во еден правец; Деца до 2 год.-бесплатно

 

НАПОМЕНА
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
• Термините кои се обоени со црвено се промо цени и немаат дополнителен попуст
• Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
• Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 6 год., во кревет со двајца возрасни;
• За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
• Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час;
• По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
• Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
• За ова патување важат Општите услови за патување на организаторот

Можеби ќе Ви се допадне

LAGOMANDRA BEACH Hotel **** – Akti Lagomandra, Sithonia

AKRATHOS BEACH Hotel **** – Ouranoupoli, Athos

SAVAS – Nea Flogita, Solunska regija

AMOS – Nea Plagia, Solunski zaliv

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel