Куќата е изградена 2014 год, се наоѓа на 160 m oд Парадизос плажата во Неос Мармарас. Студијата се на приземје, a мезонетите на прв кат. Мезонетите се на две нивоа, на долното ниво е брачен кревет, a на горното брачен и фотеља на расклопување во спална соба (oсвен во бр. 8, каде се брачен и единечен кревет). Сите имаат SAT TV, бежичен интернет и клима вклучена во цената.
За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица се плаќа на лице место пред влегување во објектот.
*Гратис одмор подразбира дека ако сте ја платиле целата сума во готово со резервација нпр. за 4 лица за било која смена и во траење од 10 ноќи, ќе добиете гратис одмор од 10.05. за 4 лица и траење од 10 ноќи некаде на Ситонија, од капацитетите на организаторот. Точната куќа и место ќе ја знаете 7 дена пред поаѓање. Ваучерот може да го подарите некому, доколку Вие не сте во можност да патувате во тоа време.
Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:
До 45 дена пред поаѓање – административни трошоци во висина од 5%
44 – 30 дена пред поаѓање 10%
29 – 20 дена пред поаѓање 20%
19 – 15 дена пред поаѓање 40%
14 – 10 дена пред поаѓање 80%
9 – 6 дена пред поаѓање 90
5 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%
Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright 2018 Art of Travel