Aqua Joy Resort од SUNRISE групацијата се наоѓа во самиот центар на Хургада, на шеталиштето Мемша. Фантастичниот аква парк е дизајниран за сите возрасти, а пред хотелот се наоѓа најпознатото шеталиште во Хургада. Хотелот е на само 5 километри од аеродромот во Хургада. Хотелот нуди 6 отворени базени и многубројни содржини во кои гостите можат да уживаат. Бесплатна Wi Fi зона е достапна во областите кои што ги користат гостите. Хотелот Aqua Joy Resort вклучува меѓународни, италијански, азиски, египетски и грчки ресторани кои служат морска храна. Во објектот има 5 барови. Услугите во хотелот вклучуваат аква парк, теретана, спа центар и салон за убавина. Аква паркот ви нуди забава, возбуда и авантура со своите 12 тобогани. Од другите забавни активности може да ги користите следниве содржини: аква аеробик; натпревари за пливање; олимписки игри; ватерполо; бесплатна воведна проба за нуркање во базен. Собите се климатизирани и едноставно декорирани во топли бои. Собите имааат клима, минибар, балкон, сателитска TV и приватно купатило. Хотелот располага со приватна плажа на одредени места подигната на платформи, бесплатни лежалки и чадори за сонце.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel