Hotel Olcay е семеен хотел со пријатна, домашна атмосфера. Комплетно е реновиран. Од градската плажа е оддалечен само 120 m а од центарот на Саримсакли 300 m. Сопствениците на хотелот се по потекло од Балканот и се особено љубезни кон гостите. Хотелот поседува свој приватен дел на плажата, уредена со лежалки и чадори за сонце, кои се вклучени во цената за гостите на хотелот. За гостите е бесплатен и интернет. Хотелот е „pet friendly“. Во понуда се 24 соби: двокреветни, трокреветни и четворокреветни. Сите соби се комфорни и реновирани, а секоја има клима уред, ТВ, мини бар и балкон. Хотелот поседува ресторан, каде се служи појадок (шведска маса) и лоби бар со градина, а вечерата е во хотел Sezer или Kalif (по изборот на гостите).
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel