MATINA NEW – На последниот кат на Matina се наоѓаат новоизградените (во 2017. година) студија и апартмани Matina New. Објектот е во непосредна близина на центарот, на околу 50 метри од плажата. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна сразмерно со бројот на кревети, купатило, пространа тераса, TV, сигнал за бежичен интернет, за чија брзина и проток агенцијата не може да гарантира, и клима уред чие користење се доплаќа. Постелнината се менува на 5 дена.
Google maps:
Latitude: 40.059805
Longitude: 22.567572
*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!
За валидна резервација потребни се следните податоци:
· Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници
· Датуми на раѓање на сите патници
· Контакт телефон
· Е-маил адреса (доколку ја поседувате)
· Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)
Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал и ви кажал во кој број на сместувачка единица да влезете.
Такса за престој, во висина од 1,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа во агенција со резервација и не подлежи на попусти!
НАПОМЕНИ:
• Во собите се влегува од 16:00 часот (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено и спремно), а се напуштаат до 09:00 часот
• По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може.
Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За хигиената на собите за време на престојот се грижите сами. При заминување, потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)
Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.
• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, единечен кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.
• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.
• Описите на куќите се од информативен карактер.
• Дополнителни содржини во објектите каде што се наведени во текстот достапни се со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)
• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.
• Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се третира како откажување на резервацијата.
• За промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 15 еур по резервација.
• Организаторот ја гарантира катноста, но не и бројот на сместувачката единица. Неопходно е при пристигнување да го контактирате претставникот на организаторот на телефонскиот број наведен на ваучерот.
• На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.
• Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
Ваучерот се добива 5-7 дена пред почетокот на патување.
Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.
• Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.
Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.
За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!
Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.
ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ НА ПОТВРДЕНИ РЕЗЕРВАЦИИ:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 15 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел :
70 ЕУР фиксен манипулативен трошок ако патувањето се откаже над 150 дена пред почетокот на патување,
20% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,
25 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,
40 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,
50 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,
90 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,
100 % ако патувањето се откаже од 9 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel