Одличен хотел со сопствена плажа и во населено место – идеален избор за активен одмор
8 дена / 7 ноќевања
Lindbergh Cala Della Torre 4* се наоѓа 50 м. од центарот на Ла Калета. Хотелот е во борова шума, на 750 м од градската плажа, до која вози хотелско вовче. 24/7 рецепција, ТВ сала, јавен паркинг, ресторан L’Ancora со традиционална и средоземна кујна, сопствена песочна плажа опремена со чадори и лежалки, транспорт до и од плажа, базен – 300 кв.м., детски базен – 35 кв.м., солариум, Wi-Fi на јавните површини на хотелот, анимација за возрасни и деца, амфитеатар со 300 места. Услуги со доплата: пешкири за плажа со депозит од 20 евра, 2.50 евра е доплата за замена на чист пешкир, бебешко креветче (10 евра на ден). Соби: 192 комфорни соби, опремени со: клима, телевизор, сеф, фен, минибар, телефон, трем тераса или балкон.
Концепт FB+:
· Појадок – шведска маса
· Ручек – шведска маса
· Вечера – шведска маса
· За време на оброците: вода, пиво и вино
Хотелот нуди богата и разновидна дневна и вечерна програма. За најмалите гости активностите се соодветни на возраста на децата. Нудат игри за деца од 3-11г. и од 12-17г. Анимациски услуги се разновидни и организирани од страна на квалификуван тим: турнири во пинг понг, часови по аеробик, аеробик во вода, игри за мали и големи, тенис на плажа, одбојка на плажа, вечерни шоу програми во амфитеатарот. Плажата е со фина песок, опремена со чадори и лежалки, на 750 метри оддалеченост и може да се стигне пеш или со вовче, кое се движи на неколку минути. Користењето на чадорите и лежалките е бесплатно за гостите на хотелот.
Со доплата:
Чартер програма со поаѓање од Софија
8 дена / 7 ноќевања
Термини на поаѓање: 03.06.2024, 10.06.2024, 17.06.2024, 24.06.2024, 26.08.2024, 02.09.2024, 09.09.2024, 16.09.2024, 23.09.2024
Цените се движат од:
Од 950 – 1030 еур по лице во двокреветна стандардна соба
Максимален капацитет на собите е 4 возрасни
Од 1085 – 1190 еур по лице во двокреветна супериор соба
Максимален капацитет на собите е 4 возрасни
*Цената зависи од терминот на патување и е променлива!
Цената вклучува:
· Авио билет Софија – Олбија – Софија со чартер лет на European Air Charter;
· Аеродромски такси;
· Чекиран багаж 20 кг. и рачен багаж 5 кг;
· 7 ноќевања на база полн пансион +;
· Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
· Wi-Fi интернет на рецепција и на јавните површини;
· Бесплатно користење на чадори и лежалки на плажа;
Бесплатно користење на чадори и лежалки околу базенот;
Детски базен;
Анимација за мали и големи;
· Претставник на партнерска агенција
Цената не вклучува:
пешкир за плажа депозит 20 еур /замена за чист пешкир 2,5 еур/
Екскурзија: Алгеро – 61 еур возрасен / 34 еур дете 02 – 12 г.;
· Екскурзија: Сасари и Кастелсардо – 76 еур возрасен / 44 еур дете 02-12 г.;
· Екскурзија: Коста Смералда – 52 еур возрасен / 31 еур дете 02-12г.;
· Екскурзија: Архипелаг Магдалена (Ла Мадалена) – 103 еур возрасен / 83 еур дете 02-12 г.;
· Екскурзија: Корзика – 103 еур возрасен / 83 еур дете 02-12 г.;
· Екскурзија: Каљари и Баруминим – 90 еур возрасен / 57 еур дете;
· Туристичка такса – плаќање на рецепција
· Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање, само доколку има зголемување на цената на горивото од денот на објавување на програмата
Ред на летање: (подлежи на промена) локално време
Превозник: European Air Charter
· Софија – Олбија: 11:30 – 12:40
· Олбија – Софија: 13:30 – 16:30
Авиокомпанијата го задржува правото за промени во редот на летање.
Трансфер аеродром – хотел – аеродром: околу 50 минути по правец со автобус.
Услови за резервација:
Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!
Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
31+ ден пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
ВАЖНО:
1. Минимален број за реализација на програмата: 100 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.
2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
3. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата во која се патува.
5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel