Estia Studios - Skala Fourka, Kassandra

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

300 m

Грција

Халкидики>Касандра>Скала Фурка

LAST MINUTE – 11.07-21.07.2023
1/2 STUDIO POGLED BAZEN – 655 €
1/3 STUDIO POGLED BAZEN – 725 €
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Estia Studios е семеен комплекс од апартмански тип со базен, приватен паркинг, убав двор со скара, големи тревнети површини и палми, сместен на околу 150 m од центарот на летувалиштето и на околу 300 m од уредената градска плажа. Продавници, таверни, ресторани, кафетерии, маркети, пекарници, слаткари и останати туристички содржини, се на само минута до две пешачење. Со сето ова комплексот е одличен избор за оние кои бараат сместување блиску до центар и плажа, a во мирно опкружување.

Објектот располага со пространи двокреветни и трокреветни студија кои се наоѓаат во приземје, на прв и втор кат и се свртени  кон базенот или дворот (ценовно се одделени). Распоредени се во две крила поставени во облик на ќирилична буква Г. Студијата во приземјето поради конфигурацијата на теренот имаат влез кој е на приземје, додека терасите од задната страна кои гледаат кон дворот се две скали под нивото на дворот. Бежичен интернет е достапен во целиот објект, но брзината на протокот не може да се гарантира. Сигналот е најјак во дворот, бидејќи рутерот се наоѓа помеѓу двете крила. Сите сместувачки капацитети, освен креветите кои се малку пониски, но се со стандардна големина, поседуваат основно опремена кујна (садови, фрижидер, решо, прибор за јадење), купатило, тераси со гарнитури за седење, ТВ и клима уред чие користење се доплаќа на лице место (5 еур на ден). Замена на постелнината е на половината од престојот, гостите сами се грижат за хигиената во студијата, пешкирите не се во понуда и потребно е да носите  свои. Во оградениот, простран и убаво среден двор су голе базен и еден помал за децата. Покрај базенот се барот и скарата, а лежалките и чадорите за сонце се бесплатни за гостите. Работно време нна базенот е од  9-15ч и од 18-20ч (затворен е за време на попладневен одморa). На спротивната страна од објектот е ограден, приватен паркинг за сите гости. Во објектот постои и просторија за багаж за последниот ден од смената.

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата. 

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати. 

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена. 

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

Можеби ќе Ви се допадне

GRIAVAS – Sykia, Sithonia

ELLI – Neos Marmaras, Sithonia

FILIPPOS Hotel *** – Skala Rachoni, Tasos

KETI – Leptokarija, Pieria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel