KONSTANTINA-ALEXANDROS – Куќата се наоѓа во рамниот дел на Парга, оддалечена околу 100 m од плажата Piso Krioneri (мала градска плажа) околу 300 m од плажата Krioneri (главна градска плажа) и центарот на местото. Во понуда се двокреветни студија и трокреветен полуапартман. Сите сместувачки единици се на прв кат. Опремени се со кујна, купатило, пешкири, балкон, ТВ, бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира и клима уред со доплата на лице место. Куќата поседува и гарнитура за седење во дворот.
Google maps:
Latitude: 39.282759
Longitude: 20.408559
*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!
За валидна резервација потребни се следните податоци:
Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмо, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал и ви кажал во кој број на сместувачка единица да влезете.
Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот. Подлежи на измени!
НАПОМЕНИ:
Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
Ваучерот се добива 5-7 дена пред почетокот на патување.
Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.
За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!
Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel