Karidi Beach Apartments - Vurvuru, Sithonia

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

350 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Вурвуру

ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.03.2026

10% ПОПУСТ (минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2026)
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Кaridi Beach apartments се наоѓа во мирен дел, речиси на крајот од селцето Вурвуру, на само 350 метри оддалеченост од познатата Кaridi Beach. Вилата располага со 1/4 апартман и 2/5 дуплекс апартмани, кои се изградени пред 2 години. Сите сместувачки единици се модерно опремени со најнов мебел и инвентар. Кујната е  опремена со кујнски прибор, апарат за кафе, микробранова печка, електричен бокал за вода, фрижидери и шпорет. Користење на клима уред е вклучено во цената, тоалет, фен за коса, пешкири, пегла со даска за пеглање, тераса, сопствен паркинг и голем маслинов двор пред самата вила се погодности на овој објект. Наша препорака е да се патува со сопствено возило бидејќи во близина на вилата нема ресторани, маркети и продавници. Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на местото, изолиран од гужви.

• 1/4 апартман – бр.3 – се наоѓа на трет кат. Апартманот располага со две големи простории. Има голем брачен кревет во спалната соба и голема дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна, каде се наоѓаат 2 каучи кои не се спуштаат. Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар. Тоалет и балкон со гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години.

• 1/5 дуплекс – бр.2 – се наоѓа на втор кат. Дуплексот располага со три големи простории. Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна, каде се наоѓа и кауч кој не се спушта. Кујната е целосно опремена со најнов инвентар, има тоалет и балкон со гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. (Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)

• 1/5 дуплекс – бр.1 – се наоѓа на прв кат. Дуплексот располага со три големи простории. Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна, каде се наоѓа и кауч кој не се спушта. Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар, тоалет и балкон со гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. (Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Доплата за туристичка такса 2 евра по апартман на ден, се плаќа на лице место.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Можеби ќе Ви се допадне

KOSTAS – Nea Potidea, Kassandra

SOUSOURAS Hotel *** – Hanioti, Kassandra

ALEKA – Sarti, Sitonija

ELEKTRA – Nei Pori, Pieria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel