Isi House - Potidea, Kassandra

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

20 метри

Грција

Халкидики>Касандра>Потидеа

ISI Lux се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа, каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Куќата е изградена во 2017та год и е на две нивоа (високо приземје и први кат). Има убаво уреден двор со градина и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на куќата, на околу 50м има супермаркет.
Структура и распоред на студија и апартмани: 1/3 студија и /2+1/ апартман со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби за 4 лица (брачен во двете спални) на I-ви кат. Студијата се на високо приземје и I-ви кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. 

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио или апартман со една спална – БЕСПЛАТНО сместување;
–  Цените за 7ноќи/8дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без превоз;
–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
–  Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
–  Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица во термините по лице со превоз;
–  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
–  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
–  Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
–  Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТНИ!!
–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
–  Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
–  Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).

Можеби ќе Ви се допадне

AKIS 2 – Sarti, Sithonia

HARIKLIA – Stavros, Strimonikos

STELA – Asprovalta, Strimonikos

ASTARTI – Leptokarija, Pieria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel