Hotel Giulivo **** - Baia Domizia, Campania

ЛЕТО 2024 / АВИО ОД СОФИЈА

УСЛУГА

HB+

Оддалеченост од плажа

100 m

Италија

Кампанија>Хотели

КАМПАНИЈА – ЛЕТО 2024

Giulivo 4* се наоѓа на морскиот брег, опкружен со зеленило, во централниот дел на одморалиштето Baia Domizia. Префинет хотел, категорија 4*, со поглед на море, комплетно реновиран 2015. година. На гостите им се достапни 24-часовна рецепција, ресторан со интернационална кујна, базен, снек бар на плажа, лоби бар, сончева тераса, градина, просторија за багаж, детско игралиште, паркинг.

Нуди сместување во 65 двокреветни соби и студија, 5 трокреветни соби и 10 апартмани со: климатизација, фрижидер, сателитска телевизија, директен телефон, бесплатен сеф, приватна бања со фен и балкон. Студијата се наоѓаат на 5. кат и се опремени како стандардни соби. Тие имаат застаклена кујна. Немаат балкон. 

Појадокот е традиционален италијански, организиран на шведска маса, вклучува – кроасани, мафини, англиски појадок, мусли, житарки, леб, овошен сок, путер, мармалад, мед, јогурт и топли напитоци. Вечерата се организира во ресторанот на хотелот на мени од три јадења со претходен избор помеѓу две менија од типична италијанска кујна, а салатите се од салад – барот. Менито со три јадења вклучува два вида тестенини, супа, главно – месо или риба и десерт – сутлијаш, торта или сладолед. Виното, вклучено во вечерата е од локални винарии. Барот на плажа нуди сендвичи, пијалоци, пиво и сладолед но тие се со доплата.

Хотелот има своја приватна плажа – долга и широка, со ситна песок. Чадори, лежалки и столови за плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Броевите на чадорот се даваат при пријавувањето и важат за целиот престој.

Бесплатни услуги: бесплатен Wi-Fi интернет низ целиот хотел, надворешен базен со чадори и лежалки, теретана, сауна, ТВ сала, мини бар. Хотелот располага со отворен базен со чадори и лежалки, теретана, ТВ-зона, пинг-понг, програма за анимација за деца и возрасни, вечерна забавна програма со часови по танц, кабаре шоу и сл., која трае до полноќ. Гостите можат да учествуваат на разни турнири и игри, како што се одбојка на плажа, пинг-понг, куглање, стрелаштво итн. Надвор од високата сезона, во вечерните часови анимацијата се одвива во лобито на хотелот. Пријавувањето во хотелот е после 15:30 часот, а одјавувањето е до 10:30 часот. Хотелот располага со соба за пеглање опремена со пегли. Заради безбедност од пожари, не е дозволено внесување или користење на пегли во собите. 

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 01.06.2024, 08.06.2024, 15.06.2024, 22.06.2024, 29.06.2024, 06.07.2024, 13.07.2024, 20.07.2024, 27.07.2024, 03.08.2024, 10.08.2024, 17.08.2024, 24.08.2024, 31.08.2024, 07.09.2024, 14.09.2024, 21.09.2024

 

Цените се за пакет аранжман се движат:

Од 540  до 560 еур по лице во економи соба на услуга полупансион /за термините 01.06. и 08.06.2024/ *Ограничен број на соби!

Од 810  до 935 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион /во зависност од терминот/

Максимален капацитет на собата е 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год. или 3 возрасни 

 

Цената вклучува:

-авио билет на директен лет Софија – Наполи – Софија 

-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см

-аеродромски такси

-трансфер на дестинацијата

-7 ноќевања на база полупансион /традиционален италијански појадок на шведска маса и вечера со послужување и претходен избор од 2 менија со 1/2 л вода и 1/4 л вино/

чадор, лежалки и столови за плажа

-чадори и лежалки околу базенот

-интернет 

-претставник за цело време на престојот

СЛИКИ И УСЛОВИ

                                                                                                                              

Цената не вклучува – задолжителна доплата:

– Такса за гориво и вредни емисии – се објавува 21 ден пред лет;

-Општинска такса околу 5 еур по лице за целиот престој /се плаќа на лице место и подлежи на измени/

*Деца под 16 год. не плаќаат општинска такса

 

Цената не вклучува – доплата по желба:

-Целодневна екскурзија до Неапол – главниот град на јужна Италија и Кампанија – 71 еур за возрасен/36 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Помпеја и Везув – 97 еур за возрасен/49 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Соренто – 87 еур за возрасен/44 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Позитано и Амалфи – 97 еур за возрасен/49 еур за дете до 11,99 години;

-Полудневна екскурзија до Гаета и Сперлоња – 51 еур за возрасен/28 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија на островот Капри – 103 еур за возрасен/52 еур за дете до 11,99 години;

-Опција за посета на Анакапри – 40 еур за возрасен и дете до 11,99 години;

Полудневна екскурзија до кралскиот дворец Казерта – 51 еур за возрасен / 28 еур за дете до 11,99 години;

-Пакет од 4 екскурзии – 10% од цената, важи само за барања мин 30 дена пред поаѓање;

 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Наполи 13:55-14:40 (локално време)

Наполи – Софија 15:15-17:50 часот (локално време)

Трансфер аеродром – хотел – аеродром со автобус.

 

Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!

Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel Aqua Fantasy ***** – Kusadasi

ACHILLION Hotel *** – Skala Potamia, Tasos

KYPRIANOS – Edipsos, Evia

PALLADIUM Hotel *** – Kriopigi, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel