Giotis House - Paralia Katerini, Pieria

ЛЕТО 2026

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

150 m

Грција

Олимпска Регија>Паралиа Катерини

ЦЕНОВНИК ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.11.2025
15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Giotis се наоѓа на главната улица која оди од Лидл кон црквата, на околу 150 m од плажата, во центарот на Паралија и во близина на продавници, таверни, кафетерии, сувенирници и останати туристички содржини по кои е познато ова летувалиште. Куќата поседува лифт и рецепција. Располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија кои се наоѓаат на вториот и на четвртиот кат. Секое студио поседува основно опремена кујна (садови, фрижидер, решо, прибор за јадење), купатило, тераса со гарнитура за седење, ТВ и клима уред чие користење се доплаќа на лице место. Едно од студијата има кујна која се наоѓа на терасата, но не влијае на комфорот на терасата бидејќи е доволно пространа. Студијата немаат пешкири, a замена на постелнината е на половината од престојот. Гостите сами ја одржуваат хигиената во студијата за време на престојот. Достапен е и бежичен интернет почнувајќи од 01.06., но за брзината не можеме да гарантираме. Куќата нема сопствен паркинг.

ОПИС:
1/2 СТУДИО
во една просторија чајна кујна и 1 брачен кревет или 2 единечни кревети
1/3 СТУДИО
во една просторија чајна кујна и 1 брачен и 1 единечен кревет или 3 единечни кревети
1/4 СТУДИО
во една просторија чајна кујна и 1 брачен и 2 единечни кревети

 

*GPS координати: 40.26816543244322, 22.59523838865998

 

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

За валидна резервација потребни се следните податоци:
• Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници
• Датуми на раѓање на сите патници
• Контакт телефон
• Е-маил адреса (доколку ја поседувате)
• Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал.

Такса за престој, во висина од 2 евра по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место, на претставникот или сопствениците на објектот и не подлежи на попусти!

НАПОМЕНИ:
• Во собите се влегува од 15:00 часот (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено и спремно), а се напуштаат до 09:00 часот по локално време
• По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може.

НАПОМЕНИ:
– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.
– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секое оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.
– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.
– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.
– Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.
– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.
– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.
– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.
– Ве молиме внимателно да ги прочитате посебните услови за откажување на патување за овој објект:
Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Доколку сами најдете замена за уплатениот одмор, ќе Ви бидат наплатени само пенали за измена на податоци во висина од 25 еур во денарска противвредност. Во спротивно доколку целосно се откажува патувањето, пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел :
90 – 45 дена пред поаѓање 10%
44 – 30 дена пред поаѓање 20%
29 – 20 дена пред поаѓање 30%
19 – 15 дена пред поаѓање 50%
14 – 10 дена пред поаѓање 90%
9 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.
За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 25 ЕУР!

Можеби ќе Ви се допадне

SOFIA ex Zeyia – Jerisos, Atos

POSEIDON PALACE Hotel **** – Leptokaria, Pieria

ASTARTI – Leptokarija, Pieria

Acrotel ELEA BEACH Hotel **** – Akti Elias, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel