Desert Rose Resort ***** - Safaga, Hurghada

ЛЕТО 2022 / АВИО ОД СКОПЈЕ

УСЛУГА

All inclusive

Оддалеченост од плажа

На плажа

Египет

Хургада>Хотели

Desert Rose 5* се наоѓа на само 15 минути оддалеченост од аеродромот во Хургада. Резортот се простира на 300 000 м² со преубави градини, базени, аква парк и тиркизно-сино море. Хотелот има одлична локација за незаборавен одмор, со сопствена песочна плажа со должина од 1км, со 40 000 м² природна лагуна. Располага со 4 базена, 1 со олимписки димензии, базен со палуби за сончање и бар покрај него, топол семеен базен и детски базен. Аква паркот со 6 тобогани. Хотелот нуди 872 соби и 40 апартмани. Сите се опремени со: бокал за кафе и чај, сеф, клима, фен. Хотелот има неколку ресторани и барови: The Palm е ресторан со шведска маса, El Ranchero – мексички ресторан, La Dolce Vita – италијански ресторан, Il Delfino ресторан со поглед на море и отворена кујна со морска храна, Fattoosh – ориентален ресторан, The Rose Bar Lounge бар, The Sand – лагуна бар, Tropicana бар – забава во живо, Sea Breeze – бар на плажа, Club Soda бар, Bella Vista бар во водата со 360° панорамски поглед на морето и лагуната, Happy`s Pub, Ali Baba Shisha Corner е наргиле бар, Sunset Bar – бар на отворено со детски клуб, The Blue Lagoon Bar е бар на отворено со глетка кон лагуната. Хотелотнуди забавни ноќни анимации со детско мини диско, забавни шоу програми за целото семејство во амфитеатарот или во Star Disco со професионален DJ.

 

  • Одличен фамилијарен хотел
  • Песочна лагуна плажа долга скоро 1 км, уште 2 помали плажи кои излегуваат на отворено море и понтонски мост за вљубениците на истражување на богатствата на Црвеното Море
  • Аква парк
  • Едно дете до 14 год бесплатен престој

СЛИКИ И УСЛОВИ

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out). 

» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци. 

» Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

ВАЖНО – Ковид услови за влез во Египет

Од 21.12.2021 условите за влез во Египет се либерализирани и согласно последните протоколи, сите патници и деца со 12 или повеќе години, неопходно е да поседуваат:

1. Потврда со QR код издадена од релевантна државна медицинска институција за комплетирана вакцинација (2 дози) со некоја од признаените вакцини извршена најмалку 14 дена пред влез во државата;

или

2. Негативен ПЦР тест со валиден QR код не постар од 72часа пред влез во Египет;

или

3. Негативен резултат од брз антигенски тест со валиден QR код не постар од 24 часа пред патување;

Оние кои не поседуваат еден од наведените документи, може да извршат тестирање на аеродромот во Хургада при пристигнување. Тестот се плаќа на лие место и чини окулу 30$.

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Можеби ќе Ви се допадне

CHRISTINA – Nea Flogita, Solunska regija

DIMITRIS – Leptokarija, Pieria

ROULA – Asprovalta, Strimonikos

DUJA BODRUM Hotel ***** – Bodrum

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel