Christos House - Nei Pori, Pieria

ЛЕТО 2023

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

80 метри

Грција

Олимпска регија>Неи Пори

LAST MINUTE ЗА СМЕНАТА ОД 17.09-24.09.2023 – 1/5 APP – 169 ЕУР

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

ХРИСТОС се наоѓа на 80 метри од плажа. Распoлага со трокреветни студија и петткреветни / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани, сите лоцирани на прв кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман – со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 40€  / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Место и време на поаѓање:

Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин

Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)

Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол

Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол

Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Можеби ќе Ви се допадне

LIVADI NAFSIKA Hotel *** – Dassia, Corfu

ARISTOTELES HOLIDAY RESORT & SPA **** – Ouranoupoli, Athos

AEGEAN MELATHRON Thalasso Spa Hotel 5* – Kalithea, Kassandra

4 SEASON 2 – Sarti, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel