Hotel Bela Jela е отворен за првите гости во октомври 2021-ва година. Располага со 85 соби, 8 апартмани и 2 лукс апартмани. Хотелот нуди: медицински центар каде се секојдневно обавуваат прегледи и терапии (и за време на викенди и празници), отворено-затворен базен со термална вода, Wellness центар, ресторан, wellness бар и lobby бар, сала за забава, детска игрална, теретана.
Основен БО ден подразбира:
· Сместување во двокреветни Стандард соби во хотелот Бела Јела (ТВ, мини-бар, бањарки, фен),
· Преглед кај дежурните доктори;
· Балнеотерапија: капење во лековита вода (внатрешни џакузи базени, надворешни базени, „извори“ во Горната Бања – места на природните извори на термална вода), хидрокинези терапија (групни вежби во базенот со лековита вода);
· секојдневно користење на Wellness centar-от: финска сауна, био сауна, парно купатило, солена соба, тепидариум
· секојдневно користење на спортските терени (асфалтирани терени за мали спортови: кошарка, ракомет, одбојка);
· анимациска програма со терапевт-рекреатор: групни вежби во теретана и на отворено, прошетки по околината;
· секојдневно користење на детска игрална
· Полупансион: појадок – појадок и вечера (шведска маса)
· WiFi интернет;
· такса за престој.
БО ден екстра подразбира: основен БО ден + четири терапии на ден (се спроведуваат секојдневно, и за време на викенди и празници):
· хидромасажа во лековита вода (бисерна купка или подводна масажа);
· апликација на лековита кал (до 2 апликации);
· електротерапија (диадинамик, интерферентна струја, ТЕНС, ултразвук, солукс ламба, мускулен стимулатор, биоптрон ламба);
· мануелна (рачна) масажа – сегментна.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel