Hotel Banjica *** - Sokobanja

WELLNESS & SPA СРБИЈА

Услуга

услуга HB / FB

Локација

Во мирниот дел
блиску до шеталиште

Srbija

Sokobanja

ОДМОР, ПРЕВЕНЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

СБ БАЊИЦА се наоѓа во мирниот дел на Сокобања, во близина на бањскиот парк и атрактивните пешачки стази на почетокот на кањонот на реката Моравица.

 

Благодарејќи и на здравствената служба со сите потребни услови за дијагностика и терапија:  заболувања на дишните патишта (бронхитис, бронхиална астма…), коскено зглобни заболувања (артритис, спондилоза, дегенеративен ревматизам…) и полесни нервни заболувања (неуропатијa, стрес, неурози , полинеуропатии…), можеме да ги понудиме следниве програми:

 

1. Рекреација и Oсновно бањско лекување:

·         сместување во комфорни 1/2 и 1/3 соби (купатило, телефон, сателитска ТВ, интернет, тераса);

·         три богати и разновидни оброци – појадок – шведска маса (задолжително етно и диетално јадење секој ден, како и јадење од програмата за здрава исхрана);

·         пешачки излети со рекреатори и водичи (Бориќи, Лептерија, Сокоград…);

·         користење на осветлени спортски терени и теретани во објектот;

·         лекарски прегледи и дијагностика: екг, спирометрија, мерење на шеќер и притисок…

·         3 терапии по договор со лекарот (без рачна и подводна масажа):

–      инхалации природни и со лек,

–      дренажа на бронхии, вежби за дишење…

–      комплетна физикална терапија: дијадинамик, ултразвук, магнет, биоптрон ламба, парафин, KTD, солукс ламба, галванизацијa, ултрасонофореза, ласер, eлектрофореза, кинезитерапија, крио терапија…

–      комбинирана физикална и хидротерапија;

–      капење во термална вода, медикаментозна терапија;

2. Комплетното бањско лекување вклучува се што е горе наведено и

·         без ограничување во бројот на терапиите,

·         една рачна масажа или една подводна масажа дневно

СЛИКИ И УСЛОВИ

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 20 дена пред поаѓање.

 

Факултативнo:

·        Излети со автобус: Oзрен, Калиновица, Бања Јошаница, Извор Моравице, Сесалачка пештера, Врмџански град и езеро… (2€);

·        Џакузи базен гратис.

Можеби ќе Ви се допадне

XARA – Sivota, Jonski Breg

SONNALM Hotel **** – Bad Kleinkirchheim

BELLAGIO Hotel *** – Fourka, Kassandra

SULTANA – Neos Marmaras, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel