Aquaworld Budapest Resort & Spa **** - Budapest

WELLNESS & SPA УНГАРИЈА

Услуга

услуга HВ

Локација

Северен дел на Будимпешта

Унгарија

Будимпешта

АКЦИЈА 4=3 ГРАТИС НОЌ ВАЖИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 08.01-25.06.2023 И 03.09-25.10.2023 И ОД 05.11 – 17.12.2023

Hotel Aquaworld Budapest (ex Ramada Resort) се наоѓа во северниот дел на Будимпешта, на автопатот M0, во близина на мостот Меѓери. Отворен е 2008 год. на површина од 8 ha. Aquaworld Budapest e еден од најголемите тематски водни паркови во Европа, со директен приод од хотелот.  Разновидните содржини гарантираат добра забава за посетителите од сите возрасти во текот на целата година: планинска река, 11 тобогани со вкупна должина од 1 km, водни површини наменети за спортски рекреативци, 3 m висока кула со скокалница, базен со бранови, базен за сурфање, неколку џакузи базена, kneipp. Затворените базени на комплексот се поврзани со отворениот кој се грее. Комплексот има ресторан и бар, посебен дел “Светот на сауните”, гардеробер, тоалети, тераса за сончање, лежалки. Посебен дел од водниот парк „Kid’s World“ е специјално дизајниран и наменет за најмалите /базени со различни длабочини, детски тобогани, куќички за играње/. 
Хотелот има 261 сместувачка единица (223 соби, 28 junior suit-a, 8 апартмани, 2 председателски апартмани) сместени во главната зграда и 48 двоспални и троспални апартмани во апартманската зграда, која е со ходник поврзана со главната. Хотелот поседува отворен паркинг, гаража, ресторан, паб со голема тераса, лоби кафетерија, кафетерија кај базенот, конгресен центар за 1000 лица, бесплатен трансфер хотел-плоштадот на хероите-хотел. Забавниот центар се наоѓа под апартманската зграда и е поврзан со хотелот. Поседува сала за проекција на филмови, плазма TV, DVD, соба за играње карти, билијар, апарати со игри, занимална за деца. Хотелскиот Wellness центар (работи од 07.00 – 22.00 ч) има: затворен релакс базен поврзан со отворениот кој се грее, мандала купатило, сауни, парни купатила, амам, теретана со асистенција на тренер, тениски терени, терени за одбојка, сквош, фризерски и козметички салони, масажи, стоматолошка ординација. 

Користење на тобоганите е регулирано со правилата на Aquaworld resort :
Деца помали од 14 год. можат да ги користат тобоганите исклучиво уз пратња на возрасните под следните услови:
Giant slides (Twister, Kamikaze, Floating Carpet) кои поаѓаат од 5. кат можат да користат деца со мин. височина од 140 cm.
Тобоганите UFO и BLACK HOLE кои поаѓаат од 4. кат можат да ги користат деца со мин. височина од 130 cm.
Тобоганот Rainbow кој поаѓа од 4. кат можат да го користат деца со мин. височина од 120 cm  
Тобоганите Onion и Mountain River можат да ги користат деца со мин. височина од 130 cm
Тобоганите на детскиот базен можат да користат деца од 3 – 10 год. 

Напомена: користење на тобоганите се смета за потенцијално опасна активност, па корисниците се должни да поседуваат изврсни пливачки и физички вештини и се користат исклучиво на сопствена одговорност а во складот со Aquaworld куќниот ред.

АКЦИЈА 3=4 ПЛАТИШ 3 НОЌИ, ПРЕСТОЈУВАШ 4 НОЌИ

ВАЖИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 08.01. – 25.06.2023, 03.09. – 25.10.2023, 05.11. – 17.12.2023

+НЕОГРАНИЧЕНО КОРИСТЕЊЕ AQUAWORLD И ORIENTAL SPA!

Напомена:
– минимум престој 2 ноќевања

– Деца до неполни 6 год. во сите типови на соби немаат помошен кревет и спијат со родителите.

– Доплата за гаража 8 еур на ден

Доплата за домашни миленици /на барање/17 еур на ден

Задолжителна доплата за новогодишна вечера: 195 еур по лице, деца 7-14г 146 еур

За време на празниците задолжителна доплата /Нова година 31.12-01.01, Велигден 06.04-10.04, Формула 1 21.07-23.0/ 50 еур по лице на ноќ, деца 7-14г 37 еур по ноќ
 

ВАЖНО: Задолжителен депозит во износ од 50 евра по соба на ден – се плаќа на рецепција

СЛИКИ И УСЛОВИ

Курс 1 еур=62 ден

НАПОМЕНИ ВО ВРСКА СО РЕЗЕРВАЦИЈА:

Резервацијата е валидна со уплата од мин. 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа мин. 20 дена пред поаѓање.

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Можеби ќе Ви се допадне

CLUB SARDINIA Hotel **** – Bodrum

HINITSA BAY Hotel **** – Porto Heli, Peloponnese

ESPERIDES BEACH Hotel **** – Achladies, Skiathos

AKTI OURANOUPOLI Hotel **** – Ouranoupoli

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel