ТУРЦИЈА
Република Турција е држава која географски се протега на два континенти, Европа и Азија. Анадолија, азиски дел на државата, зазема околу 97% од површината на Турција. Европскиот дел кој се наоѓа во источна Тракија зазема околу 3% од површината на државата. Турција се наоѓа на бреговите на 4 мориња: Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно, што ја прави примамлива туристичка дестинација. Лежи помеѓу Црното море на север, Грузија (252 km) и Ерменија (268 km) на северо-исток, Азербејџан (9 km) и Иран (499 km) на исток, Ирак (352 km), Сирија (822 km) и Средоземно море на југ, Егејско море на запад, Грција (206 km) и Бугарија (240 km) на северо-запад; зазема површина од 785 347 km², границата е со должина од 9.850 km, oд што 7.200 km е морска.
Основачот на модерната Турција и нејзин прв претседател бил Мустафа Кемал Ататурк се до 1922-ра година. Главен град на Турција е Анкара, а најголем Истанбул. Званичен јазик е турски.
Турција, земја на љубезни домаќини, гостопримливи и насмеани луѓе. Земја на контрасти и раскошна убавина, каде што се преплетуваат старо и ново, традиционално и модерно… Земја на богата традиција и историја, идеална за одмор, шопинг и забава за сите генерации. Оваа земја нуди голем спектар на туристичка понуда за сечив вкус и интерес. Понудата на хотелите, особено во приобалните градови е огромна и разновидна, за сечиј вкус и џеб.