* АЛГЕРО
Алгеро е престолнина на северна Сардинија. Основан е во 12. век. Богат со цркви, како и природни богатства како што е пештерата на Нептун. Сеуште можат да се најдат примероци на архитектурата од 16. век, а седумте кули кои некогаш се користеле за одбраната на градот и сега доминираат над градот. Центарот на градските збиднувања е пристаништето со рибарските кајчиња, барови, ресторани…Блиску до градот е Порте Конте со своите убави плажи, како и остатоците на Палмарева Нурага. Блиску се и Стинтино, Кастелсардо, Изола Роса, Боса, а и песочни ували, долги плажи со бела песок и смарагдна боја на морето.
* АРБОРЕА
Арбореа е мало место на западниот брег на Сардинија, помеѓу Алгеро на север и Каљари на југ. Брои 3.000 жители а од брегот е оддалечено околу 3 км. Познато е по долга песочна плажа, борова шума во позадина и коњички клуб кои е права атракција.
* КАЉАРИ
Главен и најголем град на Сардинија, со скоро 500.000 жители. Со центарот и градбите од 12. и 13. век, должината на брегот од 13 км, преубави паркови и градини, катедрали и замоци, секако е препорака да го посетите.