ХУРГАДА

Пролет на море - Чартер програма од Софија

ХУРГАДА

 

Хургада се наоѓа на околу 5 часа возење (530 km) јужно од Каиро. Најголема атракција е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја дели околу 150 km карпеста пустина чии врвови преминуваат 1700 m. Во градот се наоѓаат голем број ресторани, продавници, барови, дискотеки и ноќни клубови. Подводниот свет е исклучително богат па е интересна и за нуркачите. Покрај убавите плажи, интересен е и малиот архипелаг на ненаселените корални острови со преубав подводен свет.

Хургада e населена на почетокот на 20. век, и од мало рибарско место, прераснала во туристичка дестинација последните десетина години. 

ДАХАР – најстариот дел на Хургада, административен центар каде се наоѓаат главната пошта, автобуска станица, базар и пазар, градска управа. Во Дахар живее поголемиот дел од локалните жители.  

САКАЛА – спој на стариот традиционален Египет (многубројни продавници, традиционални сувенирници, национални ресторани) и современи туристички текови (хотели, нова марина, шеталиште, ресторани, клубови и барови на морскиот брег). 

МЕМША – нов туристички центар на Хургада, туристичка област која се развила многу бргу, со долго, уредено шеталиште каде се и хотелите, голем број на продавници, маркети, пазари, ресторани и познати барови и клубови, Hard Rock Café, Little Buddha, Elements. На само 2 km паралелно со шеталиштето е меѓународниот аеродром.

SAFAGA ROAD – се наоѓа помеѓу Мемша и заливот Sahl Hasheesh. Во централниот дел е новото шеталиште (долго oколу 2,5 km) со луксузни хотелски комплекси, продавници, маркети и голем шопинг центар Senzo Mall.

 SAHL HASHEESH – туристичка зона, вистински бисер на Црвеното море, која името го добила по истоимениот залив. Ексклузивен дел на јужниот дел на Хургада кого го чинат раскошните хотелски комплекси изградени на самиот морски брег а поврзани со шеталиште долго 8 km. 

SOMA BAY –  туристичка зона на крајниот југ на Хургада, во истоимениот залив, недалеку од градот Сафага, оддалечен од Мемша околу 45 km. Soma Bay e познат по луксузните хотелски комплекси и долгата песочна плажа. Коралните гребени се идеални за нуркачите. Идеален е за мирен одмор во луксузните хотели изградени во пустина.

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА СО ПОАЃАЊЕ ОД СОФИЈА

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:11.03.2023, 19.03.2023, 26.03.2023, 02.04.2023, 09.04.2023, 16.04.2023, 23.04.2023, 30.04.2023, 07.05.2023, 14.05.2023, 21.05.2023

ХОТЕЛИ ВО ХУРГАДА

SEAGULL BEACH Resort **** – Hurgada

Убав комплекс во срцето на Хургада, со 2 приватни песочни плажи, марина и аква парк... На само неколку чекори од ресторани, барови, продавници, дискотеки... Препорака за сите кои сакаат активен одмор...

SHERATON MIRAMAR Resort El Gouna ***** – Hurgada

Изграден во живописен арапски, египетски и нубиски стил, сместен на 9 острови со убаво уредени градини претставува уникатна комбинација на природата и модерното... Хотелскиот комплекс е идеално место за одмор, релаксација, забава, меден месец...

MARINA BEACH **** – Hurgada

Нotel Marina Beach се наоѓа на приватна песочна плажа, на пешачка оддалеченост од Нова марина и на 2 km oд Сакала, стариот центар на Хургада. Од аеродромот е оддалечен околу 7 km. Хотелот има ....

Економичен

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

SUNRISE AQUA JOY Resort ***** – Hurgada

Aqua Joy Resort од SUNRISE групацијата се наоѓа во самиот центар на Хургада, на шеталиштето Мемша. Фантастичниот аква парк е дизајниран за сите возрасти, а пред хотелот се наоѓа најпознатото шеталиште ...

PALM BEACH Resort **** – Hurgada

Хотелот се наоѓа на самиот морски брег, 6 км од Хургада и на 19 км од аеродромот. Palm Beach Resort 4* има 2 базени, сопствена песочна плажа и нуркачки клуб, ресторан, бар, сауна и фитнес, аниматори. Собите се во ...

GRAVITY Hotel & Aqua Park ***** – Hurgada

Gravity Hotel & Aqua Park Hurghada Gravity 5* е сместен покрај песочната плажа во новиот  дел на Хургада. Лесно се достапни сите делови од градот и е идеален за самостално истражување на истиот.Комплексот е ...

DESERT ROSE ***** – Hurgada

Desert Rose 5* се наоѓа на само 15 минути оддалеченост од аеродромот во Хургада. Резортот се простира на 300 000 м² со преубави градини, базени, аква парк и тиркизно-сино море. Хотелот има одлична локација ...

LOTUS BAY BEACH Resort **** – Hurgada

LOTUS BAY BEACH RESORT се наоѓа на 42.000м2 површина и нуди 224 сместувачки единици. Локацијата е позната по убави плажи. Хотелот нуди: детско игралиште, 2 базени, 300 м долга песочна плажа со бесплатни лежалки ...

CARIBBEAN WORLD Resort Soma Bay ***** – Hurgada

Hotel Caribbean се наоѓа во заливот Soma Bay, на една од најубавите плажи во Хургада, долга скоро километар. Оддалечен е околу 40 km од аеродромот и околу 45 km од центарот на Хургада. Лежалките и ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel