ЛЕТО 2026
ЛЕТО 2026
Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на Скијатос се одалечени на 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на 400 метри. Автобуската станица од која ќе имате можност да одите до другите плажи на островот е на 100 метри. Собите се реновирани и основно опремени. Имаат сопствена бања, чајна кујна, фрижидер, клима уред, чие користење е со доплата. Куќата располага со двокреветни студија со два единечни или еден брачен кревет.

ПОРАДИ ЧЕСТИТЕ ИЗМЕНИ, ЗА МОМЕНТАЛНАТА ЦЕНА
ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ЈАВИТЕ ВО АГЕНЦИЈА
+389 2 3051 905
Работно време: понеделник-петок 10:00-18:00 ч
Важно
За промо термините не се одбива од сумата доколку клиентот користи сопствен превоз и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
Во случај за уплата на сингл соба по редовна цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
За деца од 3 до 12 години се плаќа 70% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
За споен термин се одбива 15 евра за превоз и 10% попуст на вториот термин само на редовните цени (ова не важи за промо цените).
Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата, резервацијата се смета за откажана.
Депозитот 30% е неповратен во случај на отказ од страна на патник.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Доплата за туристичка такса 14е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа кај соптсвениците)
Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори и агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студијa.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel