КОПАОНИК
Копаоник со право го заслужува своето второ име – Сончева планина. Со просечно 200 сончеви денови годишно, и просечно 160 снежни денови (од крајот на ноември до првите мајски денови), е дефинитивно идеална комбинација за секој вљубеник на природата и зимските спортови.
Планинскиот воздух несомнено му годи на организмот, а најубавата српска планина го има за секој свој посетител доволно, за да се врати од одморот свеж и препороден. Свежиот планински воздух е одлична превенција од разновидни болести, а и лекување на дел од нив. Планинскиот воздух го јакне имунитетот, ја подобрува крвната слика, поволно влијае на повлекување на кожните заболувања, ги ублажува алергиските реации и го нормализира притисокот. Несомнено влијае на подобро внатрешно чувство и е рецепт за излегување од депресијата, победа над анксиозноста, но и одличен одмор од секојдневието. По враќањето ќе се чувствувате подобро, посилни и спремни за работа, дружби и се она што подразбира секојдневие.
Ски центарот е погоден за сите категории и возрасти. Поседува преку 62км ски патеки, за нордиско и алпско скијање. Исто така нуди и парк за бордање. Моменталниот капацитет е 24 жичари и ски лифтови за преку 33.000 скијачи. 97% од патеките се покриени со системот за вештачко оснежување.
Карактеристики на ски центар Копаоник:
Височина – 1.770 м – Највисок врв – 2.017 m – Вкупна должина на патеките – 62.000 m – Вкупен капацитет на жичарите – 33.000 скијачи/час – Број на жичари, ски лифтови – 24 – Број на лесни ски патеки – 21 – Број на средни ски патеки – 9 – Број на тешки ски патеки – 6 – Максимална висинска разлика – 512 m – Најдолга ски патека – 3.500 m – Должина на ноќната ски патека – 450 m – Нордиски ски патеки – 12 km – 97% покриеност со системот на вештачко оснежавање – Snow park – Три патеки по FIS стандард за слалом, велеслалом, супер велеслалом и спуст
МАПА НА СКИЈАЛИШТЕТО – 55 km ски патеки уредени за алпско скијање – 18 km ски патеки за нордиско скијање – ноќна ски патека Мало Језеро – snowboard парк – 4 исклопиви четвороседни жичари – 3 фиксни четвороседни жичари – 3 двоседни жичари – 2 сидра – 8 чинии – 97% оснежено – Караман A и B, Панчиќев врв, Дубока 1 и 2, Сунчана долина, Мало језеро, Крст, Крчмар, Кнежевске баре, Мали Караман, Марине воде, Гобеља и ски патишта кои им припаѓаат.