АПУЛИЈА (PUGLIA)
Апулија (Puglia) е регија на крајниот југо-исток на Италија, во делот познат и како „петата на апенинската чизма“. Ја красат традицијата, чистото море, вкусната кујна и квалитетните вина. Едниот брег го заплискува Јадранското а другиот Јонското море, и се спојуваат јужно од градот Отранто. Претежно е рамничарска, со мал планински дел на северот.
Главен град е Бари, поделен на стар дел со многубројните споменици и нов дел со живописните плоштади, музеи и ресторани. Стариот дел на Бари го красат многу цркви, како романската базилика Св. Ѓорги, готската катедрала Св. Сабин, тврдината Св. Антонио и музејот на современата уметност, црквата Св. Никола, каде се повеќе од 9 века чуваат моштите на овој светител. Еден од поголемите градови е и Лече (Lecce) кого, поради изобилие на барокните градби често споредуваат со Фиренца. Тука се и остатоците на римско, грчко и австриско наследство.
Првите грчки колонии овде се оформени уште во 7. век п.н.е. со најголем град Таранто. Римјаните го завземаат во 2. век и тогаш го добил денешното име. Доаѓа долг период на упадите на варварските племиња, Логобарди, Сарацени, Византијците и пирати. Со доаѓањето на Норманите во 11. век, трговијата повторно доживува процут. Се до соединување со Италија 1861 година, Апулија била мост помеѓу истокот и западот и арена на битките помеѓу Турците и Венецијанците.
Апулија пред се ја красат извонредни плажи, некои од нив подсеќаат на Кариби, мали рибарски села (Маргерита ди Савоја, Порто Чезаре, Остуни, Галиано дел Капо, Санта Чезариа Терме). Околината на Остуни се смета за најубавиот брег во Италија со дури 53 пештери во морето со голема колонија на црвени корали и сунѓери.
Алберобело е единствено гратче на светот со куќички (трули) кои наликуваат на капите на џуџињата. Поставени на четвртаста камена основа прекриена со купасти кровови, „трули„ зона од преку 1000 куќи, од кои некои и преку 400 години стари, од 1996 година се под заштита на УНЕСКО.
Матера, град вклесан во варовни карпи, со подземни пештери и лавиринти, под заштита е на УНЕСКО и еден од најнеобичните градови на Италија. Поголем дел од жителите 1950 година се преселени во Нова Матера, но некои сепак останале во куќите на своите претци. Катедрала, црква Св. Јован Крстител, многубројни пештерски цркви, се некои од најпознатите знаменитости на Матера.