Мајорка
Мајорка, бисерот на Балеарите – островот на несекојдневната убавина, преубавите ували на истокот и егзотичните плажи на југот и северот. Најголемо шпанско острово. Го красат бистро море, преубави песочни плажи, скриени лагуни, борова шума, палми, но и планински венци и сета таа убавина на едно место.
Мајорка со својата понуда ќе ги задоволи најсофистицираните вкусови и потреби. Ќе сфатите дека оваа дестинација е една од ретките која нема маана. Она по што сигурно ќе ја запомните, се плажите. Каде и да тргнете ќе ве дочекаат одлично уредени плажи. Во еден ден можете да се искапите во повеќе ували, со оглед на кусите дистанци. Попознати се: Cala Esmeralda, Cala Sa Nau, Cala Murada, сите во областа Cala Ferera… Сигурни сме дека летување на Мајорка, ќе ви остане во спомените како едно од најубаво поминати одмори!