САНДАНСКИ
Свети Врач, од 1947/49 г. официјално Сандански, — град во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија. Се наоѓа во долината на реката Струма, од нејзината лева страна и е сместен во подножјето на Пирин планина, од нејзината западна страна. Низ него тече реката Санданска Бистрица.
Се претпоставува дека античкиот град што постоел овде бил подигнат од Филип II и се викал Партикополис. Во 168 год.ст.е. како дел од Македонија, паѓа под римски протекторат. Градот го носи изворното име Свети Врач (со значење „лекар“), поради лековитоста на своите извори. Денешното официјално име го добил во 1949 г. (неформално во 1947 г.) според македонскиот револуционер Јане Сандански, кој Бугарија го смета за нивен деец. Градот е познат по своите топли геотермални извори поради кои Австријци кои се лечеле во Свети Врач го изградиле познатиот хотел „Сандански“.
Термалните води во Сандански се добри за лекување на следните болести:
- Неспецифични хронични и алергиски заболувања на дигестивен систем: бронхит, астма, алергичен ринит, синузит, фарингит; состојби по пневмонија, хронични опструктивни белодробни заболувања;
- Хронични коскени заболувања: Бехтерева болест, спондилоартрози, постфрактурни состојби, ревматоиден артрит;
- Заболувања на периферниот нервен систем: – невралгии, неврити, плексити;