10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.01.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.01.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
Куќата Vangelis е сместена над плажата Валтос од која ја делат 100тина метри (oколу 50 скали и патека). Куќа е со еден од најубавите погледи на море. Уште еден од симболите на Парга, Венецијанската тврдина е исто така на стотина метри од куќата. На 50тина метри е првиот маркет, а еден од најпознатите ресторани во Парга “The Three Plane Trees” е веднаш над истоимената куќа. До шеталиштето со таверни, ресторани, кафетерии, барови и продавници ќе пристигнете за 5 минути. Од пристаништето поаѓаат бротчиња до плажите Лихнос и Саракинико.
Куќата е постара и со просечен квалитет на сместувачки единици, но она што и дава на цена и зошто гостите со радост и се враќаат е местоположбата и еден од најубавите погледи на плажата Валтос. Куќата располага со трокреветни студија како и четворокреветен апартман. Сите сместувачки единици имаат поглед на море и Валтос плажата. Сместени се на приземје, но поради конфигурацијата на теренот терасите им се во висина на прв кат. Едно од студијата нема директен излез на сопствена тераса, но и таа е со поглед на море и не е пролазна (студиото е ценовно одделено и со пониска цена од останатите). Истото студио има прозор нешто помал од стандардна големина и без поглед. Апартманот има две простории, спална соба со француски кревет и дневна соба со кујна, трпезариска маса и два големи каучи на расклопување. Кујните се основно опремени (основни садови без тава, фрижидер, решо, основен прибор). Сите се со сопствено купатило, тераси со гарнитури за седење, ТВ и клима уред чие користење е со доплата на лице место. Замена на постелнината е на половина од престојот. Сместувачките капацитети немаат пешкири. Гостите сами се грижат за хигиената во сместувањето. Куќата нема паркинг. Достапен е и бежичен интернет за чија брзина не можеме да гарантираме.
Сите сместувачки единици се опремени со:
• кујна опремена со прибор и садови за готвење,
• сопствен тоалет,
• клима (со доплата на лице место од 6 еур на ден), ТВ, интернет.
• тераса со поглед на море
бр.1 1/3+1 студио со еден брачен и еден единечен кревет плус дополнително легло „ранџо“
бр.2 1/3 еко студио за 3 лица, со 3 единечни кревети, студиото е именувано еко бидејки нема директен излез на тераса, туку до терасата се стигнува преку недворешен премин.
бр.3 1/4 апартман за 4 возр + 2 деца до 12 год, со една спална соба со брачен кревет и дневен простор со две софи на спуштање, кои кога ке се отворат се 120см широки.
*GPS koordinati: 39.28447994377407, 20.39782266049861

• Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
• Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
• Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
• Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
• Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
• Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Промо термини:
• Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете:
• Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
• Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
• Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
• Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
• Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
За патници со автобуски превоз:
• куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
• доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
• секој куфер мора да има налепница од водичот
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Парга чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Парга:
• Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
• Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
• Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -70€ по лице
• Дреново – 70€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Парга:
• Битола (Автобуска Станица)-60€ по лице
• Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
• Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
• Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице
• Ресен – Трансфер до Битола – 70€ по лице
Време на поаѓање за Парга:
• 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
• 01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола
• 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
• 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
• 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
• 04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на Перон)
• 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
• 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
• 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
– Деца од 2 до 12 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 2 години бесплатно ( не користи седиште )
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel