Savas House - Dassia, Corfu

ЛЕТО 2026

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

80 метри

Грција

Острови>Крф

ЦЕНИТЕ СЕ СО 20% ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.12.2025
МИНИМАЛНА УПЛАТА Е 50% ОД ВКУПНАТА СУМА
ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ТРЕБА ДА СЕ ДОПЛАТИ НАЈДОЦНА ДО 31.01.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Savvas Apartments – Куќата се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и базен, кој им е на располагање на гостите. Објектот има двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет со туш, тераса, бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. На само 5 минути пешачење се наоѓа маркетот JOY, автобуската постојка и прекрасниот добро познат бар Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило објектот има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа 6 евра од ден кај сопствениците.

 

Соба бр.9 – Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, основно опремена со садови и прибор, тоалет и тераса.

Апп бр.10 – Апартманот се наоѓа на приземје. Има една спална соба со брачен кревет и посебна кујна во која има уште еден брачен кревет. Спалната соба е одвоена со врата од ходникот каде што е и тоалетот. Кујната е опремена со основен прибор за јадење и готвење, фрижидер и индукциска плотна. Апартманот има поглед на задната страна (поглед на градина)
Соба бр. 11 – Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна спална каде што се наоѓаат 2 единечни кревети и еден кревет, којшто се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна (поглед на градина) веднаш до соба бр.10.
Апп бр. 12 – Апартманот се наоѓа на 1 кат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 единечни кревети кои што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси, од двете соби се излегува на тераса. Мини кујната основно опремена со садови прибор, се наоѓа во просторот на влезот, каде е и влезот во тоалетот. Има поглед на базен.
Соба бр.13 – Собата има 2 единечни кревети и се наоѓа на прв кат со поглед на задната страна (поглед на зеленило). Посебен тоалет и мини кујната, основно опремена со садови и прибор се во просторот на влезот. (Во тоалетот нема прозор).
Соба бр. 14 – Се наоѓа на прв кат, на задната страна од куќата, со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 единечни кревети со тераса која што има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во просторот на влезот, каде што е и влезот во тоалетот.
Апп бр. 15 – Апартманот се наоѓа на втор кат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби и е со поглед на базен. Во едната просторија е кујната и 2 единечни кревети. Во другата просторија се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен, помошен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот има еден тоалет. Во апартманот можат да престојуваат максимум 4 возрасни лица или 4 возрасни лица и 1 дете под 12 години.
Соба бр.16 – Собата се наоѓа на втор кат со еден брачен кревет и тераса со поглед на пат. Во просторот на влезот се наоѓа мини кујната, основно опремена со садови и прибор и веднаш до неа тоалетот.
Соба бр. 17 – Студиото се наоѓа на 2 кат со 2 единечни кревети и тераса со поглед на пат. Мини кујната е во самата соба веднаш до тоалетот.

 

 

Во цената е вклучено:
• Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
• 7 ноќевања / 8 дена
• Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот

Во цената не е вклучено:
Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Туристичка такса 2 евра на ден по сместувачка единица – која се плаќа задолжително со резервација
• Факултативни излети
• Патничко осигурување
• Клима уред

ГАЛЕРИЈА

Факултативни излети:
Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место на застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфини, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи, најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек, подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Крстарење Паксос и Антипаксос

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море. Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров, туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете од 0 до неполни 4 години – Бесплатно (спие во кревет со еден од возрасните)
– Дете од 4 до неполни 12 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 12 години, за дете се плаќа цела сума
-Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст
-Во трокреветна соба 4-то возрасно лице на дополнително легло има 30% попуст
– Во Апартман 3-то и 4-то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст
– За „сингл“ соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
– Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

НАПОМЕНА:
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 4 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест.

Можеби ќе Ви се допадне

ROYAL PARADISE BEACH Resort & Spa ***** – Potos, Tasos

CORAL Hotel *** – Skala Rachoni, Tasos

ZISIS – Leptokarija, Pieria

HARMONY GARDEN – Parga, Jonski Breg

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel