Апартхотелот Sarti Inn 2 се наоѓа во централниот, стар дел на Сарти, на околу 120 м оддалеченост од плажата. Комплексот е составен од 2 објекти, меѓу нив се наоѓа убаво уреден простор со базен, чадори и лежалки, кои гостите може бесплатно да ги користат. Во понуда се двокреветни и трикреветни студија, сместени на првиот и на вториот кат, како и четирикреветни студија на спуштено приземје. Секоја сместувачка единица има основно опремена кујна, купатило, комфорна тераса со поглед кон базенот, TV и клима, чие користење е вклучено во цената на наем, Wi Fi. Промена на постелнината и пешкирите, како и чистење на секои 3 дена.
плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден
Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч
По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може
за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)
промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур
промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување
ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ
40 ЕУР фиксен манипулативен трошок ако патувањето се откаже над 150 дена пред почетокот на патување,
10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,
15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,
30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,
40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,
80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,
90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,
100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето
ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel