Royal Paradise Beach Resort & Spa се наоѓа во Потос, 45 km oд Лименас. Мал, луксузен хотел, на убава песочна плажа /лежалки и чадори бесплатни/, составен од помали, трокатни згради, во пријатно опкружување. Нуди: базен со морска вода, со спасители, спа центар со внатрешен базен со морска вода, сауна, џакузи, бесплатна теретана, спа бар /вода и чај бесплатни/, козметички третмани и масажи, интернет, паркинг, детски базен со морска вода, игралиште, 2 ресторана, 2 бара, бадминтон, шах, пинг понг, тенис и спортови на вода со доплата, анимација 1-3 пати неделно. Во спа центар дозволен влез за постари од 16 год.
Вкупно 77 соби: Doubles GV or MV/SV (~28 m2), Doubles Superior SV (~33 m2), Doubles Royal SV (~28 m2), Doubles Deluxe SV (~34 m2), Doubles Deluxe 4 pax SV (~34 m2), 2 Suites SV (~54 m2), 2 Suites Deluxe SV (~62 m2), 1 Suite VIP SV (~70 m2), опремени со: LCD TV 26″ (SAT TV), мини бар, сеф, интернет, клима, телефон, фен, балкон, комарници, сушара на балкон, на барање избор на перница, душек Cocomat, во суитите кафемат.