ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2025
ЗА ТЕРМИНOТ 06.06.2025:
15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2025
ЗА ТЕРМИНOТ 06.06.2025:
15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
Poseidon се наоѓа во прв ред до морето (се преминува улица до плажа), на 50тина метри од водата. Одличен избор е за оние кои сакаат мирен одмор. Услугата е полупансион (појадок – шведска маса, вечера – 1 главно јадење, леб и салата). Лежалките на плажата се бесплатни со конзумација на пијалок од нивната таверна. Располага со двокреветни соби, кои се наоѓаат на прв кат. Некои се со делумен поглед на море, бидејќи погледот го попречуваат дрвјата. Собите кои се свртени кон морето имаат два едничени легла, додека собите свртени кон улицата дупли кревет. На приземјето е таверна. Собите немаат кујна, туку само мини бар. Имаат купатило, тераса со гарнитура за седење, ТВ и клима уред, чие користење е вклучено во цената, како и бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Замена на постелнината и пешкирите е четвртиот и седмиот ден, додека чистењето на собите е секојдневно. Куќата нема сопствен паркинг.
*1/2 СОБА – МАКСИМУМ ДВЕ ЛИЦА БЕЗ ОГЛЕД НА ВОЗРАСТА*
Тип на соба:
1/2 соба – дупли кревет или два единечни кревета
*Клима вклучена
*Полупансион
*Бежичен интернет гратис
*GPS координати: 39.23756010104061, 20.481898019407456
Туристичка / климатска такса: 2€ по соба на ден (се плаќа на лице место, директно на сопственикот).
*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!
За валидна резервација потребни се следните податоци:
• Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници
• Датуми на раѓање на сите патници
• Контакт телефон
• Е-маил адреса (доколку ја поседувате)
• Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)
Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал.
Такса за престој, во висина од 2 еврa по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место, на претставникот или сопствениците на објектот и не подлежи на попусти!
НАПОМЕНИ:
– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено и спремно), а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.
– По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може.
– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секое оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.
– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.
– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.
– Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.
– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.
– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.
– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.
– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel