Aparthotel Pantheon - Olympic Beach, Pieria

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

На плажа

Грција

Олимпска Регија>Олимпик Бич

5% попуст за целосна уплата до 01.04.23 

*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%

Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Убаво опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ. Студијата се на I и III кат.

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
– Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
– Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
________________________________________
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
– Доплата за клима (на рецепција);
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
– Доплата за патничко осигурување.
________________________________________

Можеби ќе Ви се допадне

DR SERHAN 2 – Neos Marmaras, Sithonia

STELA – Stavros, Strimonikos

Aparthotel AKRITAS – Pefkohori, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel