Nikos House - Neos Marmaras, Sithonia

ЛЕТО 2022

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

180 од градската плажа

Грција

Халкидики>Ситонија>Неос Мармарас

10% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.05.2022

Nikos House e новоизграден објект, кој се наоѓа на околу 180 метри оддалеченост од градската плажа и во непосредна близина на игралиштето. Во понуда се двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, како и четворокреветни апартмани који првите гости ги примија во сезоната лето 2021ва година. Секоја сместувачка единица поседува основно опремена кујна, купатило, тераса, ТВ и клима уред, чие користење е вклучено во цената за наем, како и бежичен интернет. Некои од сместувачките единици од терасите имаат поглед на море. Промена на постелнината е еднаш во текот на престојот.

ГАЛЕРИЈА

Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

За хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

Промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур

Промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување

 

ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ

10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,

15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,

100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

.

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Gran Hotel Peniscola 4* – Costa Azaar

Spa Club Bor Hotel **** – Velingrad

Lara Lux *** – Čanj, Barska Rivijera

AMMOA Luxury Hotel&Spa ***** – Ag. Ioannis Beach, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel