Nikos House - Nea Vrasna, Strimonikos

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

20 метри

Грција

Залив Стримоникос>Неа Врасна

LAST MINUTE – 09.07-19.07.2023

1/2 STD – 470 € 

1/3 STD – 515 € 

1/4 STD – 575 € 

1/5 STD – 615 €

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Nikos се наоѓа на само 20 m од шеталиштето и плажата, во центарот на Неа Врасна. Располага со двокреветни, трокреветни, четворокреветни и петткреветни студија, сместени на приземје и прв кат. Некои студија се со делумен поглед на море и се ценовно одделени. Сите студија имаат основно опремена кујна (фрижидер, решо), купатило, тераса или трем тераса со гарнитури за седење, ТВ и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Замена на постелнина е на половина од престојот. Немаат пешкири. Гостите сами ја одржуваат хигиената на студијата. Објектот има бежичен интернет за чија брзина не можеме да гарантираме. Куќата не поседува сопствен паркинг.

ГАЛЕРИЈА

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel KAMENA *** – Pamporovo

LA SERRA ITALY VILLAGE BEACH Resort **** – Baia Domizia, Italija

BELLAGIO BLUE ** – Hanioti, Kassandra

ALEXIS – Kokino Nero, Tesalia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel