Maria Pashalidou House - Nea Roda, Athos

ЛЕТО 2025

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

20 метри

Грција

Халкидики>Атос>Јерисос

Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Располагаме со трoкреветни полуапартмани на прв и на втор кат и петкреветен апартман на прв кат. Сместувачките единици имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот има право да го исклучи. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и пешкири, кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата куќа е со сончеви колектори. Куќата е покриена со бежичен интернет. Агенцијата не може да влијае на

капацитетот и периодите со топла вода, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во исто време да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа со сино знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи и дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека…

 

Цените се за наем на сместувачка единица без превоз

– Секое лице мора да има свое легло

– Туристичка такса 1.5 еур по сместувачка единица се плаќа со резервација

– Влез во сместувачките единици е по 14ч, а напуштање до 09ч (локално време)

– Превоз: возрасен 50 еур повратен билет, деца од 2-12 год 40 еур, деца до неполни 2 год бесплатно (без седиште)

*секој патник со седиште има право на еден голем куфер и една мала патна торба! Патниците сами ги пренесуваат патните торби од превозното средство до објектот за сместување!

*Превозно средство застанува на најблиска можна локација до куќата!

СЛИКИ И УСЛОВИ

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)

Организиран превоз Скопје – Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот

– Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-40 евра

Можеби ќе Ви се допадне

ALEKSANDRA – Leptokarija, Pieria

Hotel PARADISE *** – Kriopigi, Kassandra

Hotel ACEM *** – Sarimsakli

GRECOTEL GRAND EGNATIA Hotel **** – Alexandroupolis, Tracia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel