Lena се наоѓа на околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода, веднаш пред апартхотелот Lazaridis. На располагање се двокреветни студија и четирикреветни и петкреветни апартмани, на приземје и на прв кат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и пешкири кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а истиот е покриен со бежичен интернет. Агенцијата не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред објектот има простор за паркирање на возила.
До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, плажата Вулица е во непосредна близина, додека најпозната плажа Комица е на 4,5 км од објектот.
Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)
Организиран превоз Скопје – Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот
– Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год. – 25 евра
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel