Aparthotel Lazaridis - Nea Roda, Athos

ЛЕТО 2022

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

150 метри

Грција

Халкидики>Атос>Јерисос

Lazaridis е хотел од апартмански тип, лоциран во мирниот дел на Неа Рода, на околу 150 метри од плажата. Во понуда се двокреветни  студија со фотеља на расклопување на високо приземје и на прв кат. Сите сместувачки единици се опремени со мебел соодветен за хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената.  Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море.

Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и пешкири кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата куќа е со бојлери, а покриена е со бежичен интернет. Агенцијата не може да влијае на квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина има простор за паркирање возила.

Објектот има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна задничка тераса за гостите на објектот, а има можност за појадок, со доплата на рецепција. До центарот на местото има десетина минути бавно пешачење, плажата Вулица е во непосредна близина, додека најпозната плажа Комица е на 4,5 км од апартхотелот.

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат максимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)

Организиран превоз Скопје – Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот

– Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год. – 25 евра

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

JULIA Hotel *** – Fourka, Kassandra

AKIS – Sarti, Sithonia

PEPI – Polihrono, Kassandra

ALEKA – Sarti, Sitonija

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel