ЦЕНИТЕ ЗА ЛЕТО 2026 СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.01.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
ЦЕНИТЕ ЗА ЛЕТО 2026 СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.01.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
На 8 км од Бар сместена е населбата Добре Воде со песочна плажа “Голем Песок” која поради чистота на водата и богатството со сумпор, спаѓа во плажи од I категорија. Ќе Ви понуди поглед на незаборавно зајдисонце и преубава боја на морето по што е особено позната. Добре Воде е ” воздушна бања“ поради вкрстување на струења на воздухот од планината и морето, па е погодно за лица кои боледуваат од астма, бронхитис и слични заболувања. Плажата ја красат бројните ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови, мини маркети, аптека. Тука се и неколку приватни плажи со базени, како што е Ружа на ветровите и др. Опремени се со туш кабини, објекти за изнајмување на спортски реквизити и спасилачка служба. Плажата секојдневно ја посетуваат туристичките бротчиња.
LARA-S е објект 3* изграден пред пар години. Поседува 1/2, 1/3, 1/4 студио-апартмани, секој со купатило, балкон, опремена мини кујна со фрижидер, клима, Wi-FI, кабловска TV a поголем број е со поглед кон море. Објектот има сопствени резервоари за вода, така да гарантираат постојана снабденост со вода, што во Црна Гора знае да биде проблем во летниот период. Од останати содржини има лифт, рецепција, детско игралиште (за помали) и ресторан на две нивоа. LARA-S е оддалечена 130 м од морето, односно плажата.

Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel