La Serra Italy Village Beach Resort **** - Baia Domizia, Campania

ЛЕТО 2024 / АВИО ОД СОФИЈА

УСЛУГА

HB

Оддалеченост од плажа

50 m

Италија

Кампанија>Хотели

КАМПАНИЈА – ЛЕТО 2024

La Serra Holiday Village & Beach Resort 4* е туристички комплекс сместен во борова шума-парк на морскиот брег. Одморалиштето се простира на површина од 18 хектари, каде што се распоредени малите еднокатни куќички од тули, функционално опремени. Околу 217 вили имаат базен за возрасни како и детски базен. Сончевата тераса, приватната плажа, како и зелената природа ја овозможуваат целосната релаксација. Одморалиштето е особено погодно за семејства со деца. Плажата е долга 340 m и се наоѓа на 50 m од населбата. Пристапот до плажата е бесплатен, каде што секој апартман има чадор, една лежалка и столови за плажа. Кафетеријата, тоалетите и тушевите се во непосредна близина на плажата. Спасувачите се цел ден на плажата за безбедноста на гостите. 

 

Сите апартмани имаат приватен влез, приватна веранда со маса и столици, опремена кујна со фрижидер, шпорет со плински рингли и садови. La Serra Holiday Village & Beach Resort 4* нуди 3 различни типови на апартмани: Апартмани тип А: 25 кв.м за 2 лица – дневна со 2 кревети, кујна и бања со туш
Апартмани тип Б: 51 кв.м за 4 лица – две спални соби, секоја со 2 кревети, дневна, кујна и бања со туш.
Апартмани тип Д: 62 кв.м за 5 лица – две спални соби, секоја со 2 кревети, дневна со софа, кујна и бања со туш.

 

Комплексот содржи: рецепцијата /отворена 24 часа/, 3 бара: на рецепција, на базен и на плажа, тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка, фудбал, кану и сурфање, за деца игралиште со лулашки, лизгалки и справи за качување. La Serra Holiday Village & Beach Resort 4* исто така нуди: бесплатен Wi-Fi, бесплатно детско катче, пегли – по потреба може да се добијат на рецепција, индивидуален сеф на рецепција – бесплатно, медицински центар, паркинг, диско на отворено, ТВ соба.

Услуги со доплата се: велосипеди за изнајмување – 3 евра на час, водни тркала и перална – машина за перење за 3 евра. 

Базените за возрасните и деца  се наоѓаат блиску еден до друг. Околу нив има лежалки и чадори. Има специјално опремен простор за лица со отежната подвижност. Околу базените се организира дневна и вечерна анимација. Ресторанот е отворен од 3 страни, со поглед на градините и бујната зелена шума. Отворен за појадок, ручек и вечера, ресторанот е специјализиран за јужноиталијанска кујна. Појадокот е на шведска маса и вклучува кафе, чај, млеко, леб, путер, сирење, домати, краставици, шунка, мармалад, џем, кроасани, мусли, сезонско овошје. Ручекот и вечерата се организираат со мени од три јадења – супа или тестенини, месо или риба со прилог и десерт. 

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 26.05.2024, 02.06.2024, 09.06.2024, 16.06.2024, 23.06.2024, 30.06.2024, 07.07.2024, 14.07.2024, 21.07.2024, 28.07.2024, 04.08.2024, 11.08.2024, 18.08.2024, 25.08.2024, 01.09.2024, 08.09.2024, 15.09.2024, 22.09.2024

 

Цените се за пакет аранжман /за рана резервација/ и се движат:

Од 725  до 810 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион /во зависност од терминот/

Максимален капацитет на собата е 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год. или 3 возрасни 

 

Цената вклучува:

-авио билет на директен лет Софија – Наполи – Софија 

-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см

-аеродромски такси

-трансфер на дестинацијата

-7 ноќевања на база полупансион /традиционален италијански појадок на шведска маса и вечера со послужување и претходен избор од 2 менија со 1/2 л вода и 1/4 л вино/

чадор и столови на плажа

-базен, вечерна и дневна забава, интернет на јавните површини

-тенис, баскет и одбојка

-претставник за цело време на престојот

СЛИКИ И УСЛОВИ

                                                                                                                              

Цената не вклучува – задолжителна доплата:

– Такса за гориво и вредни емисии – се објавува 21 ден пред лет;

-Општинска такса 7 еур по лице за целиот престој /се плаќа на лице место и подлежи на измени/

 

Цената не вклучува – доплата по желба:

-Целодневна екскурзија до Неапол – главниот град на јужна Италија и Кампанија – 71 еур за возрасен/36 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Помпеја и Везув – 97 еур за возрасен/49 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Соренто – 87 еур за возрасен/44 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Позитано и Амалфи – 97 еур за возрасен/49 еур за дете до 11,99 години;

-Полудневна екскурзија до Гаета и Сперлоња – 51 еур за возрасен/28 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија на островот Капри – 103 еур за возрасен/52 еур за дете до 11,99 години;

-Опција за посета на Анакапри – 40 еур за возрасен и дете до 11,99 години;

Полудневна екскурзија до кралскиот дворец Казерта – 51 еур за возрасен / 28 еур за дете до 11,99 години;

-Пакет од 4 екскурзии – 10% од цената, важи само за барања мин 30 дена пред поаѓање;

-Доплата за ручек – 113 еур по лице за цел престој.

 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Наполи 13:55-14:40 (локално време)

Наполи – Софија 15:15-17:50 часот (локално време)

Трансфер аеродром – хотел – аеродром со автобус.

 

Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!

Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.

Можеби ќе Ви се допадне

NIKOS – Leptokarija, Pieria

ALKIS – Nea Vrasna, Strimonikos

MERAKI – Olympic Beach, Pieria

DAFNI – Vrasna Paralia, Strimonikos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel