Hotel Kamelija ** Tivat, Boka Kotorska

ЛЕТО 2026

Услуга

HB

Оддалеченост од плажа

На плажа

Црна Гора

Тиват - Бока Которска

ПРОМО ЦЕНИ ЗА ЛЕТО 2026 ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА СО 50% АВАНС ДО 30.04.2026, А ОСТАНАТИОТ ДЕЛ НАЈДОЦНА ДО 20.06.2026
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Хотел Камелија 2* се наоѓа на сама плажа, на 20 минути пешачење до Порто Монтенегро и 30 минути до шеталиштето во Тиват.
Објектот нуди сместување со градина, бесплатен приватен паркинг, ресторан, 2 базени со лежалки, бар кој е наменет за гостите и приватна плажа со сопствени лежалки (со доплата а цената на лежалките ќе ја објавиме во месец мај). Хотелот располага со ресторан со 500 седишта, отворен бар на тераса, отворен базен за деца и возрасни, игралишта за кошарка, тенис и одбојка.
Собите за две лица се со брачен или два единечни кревети (поголем дел од собите кои што се со два единечни кревети немат можност креветите да се спојат еден до друг!). Собите се со сопствен тоалет, клима уред и фрижидер. Во собите нема мини кујна.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

ПРВ ДЕН – Поаѓањето е во утринските часови oколу 01:00ч на денот на започнување на одморот
Влезот во собите е по 14:00ч. Сместување и одмор на локалната плажа. Вечера и запознавање на групата,  заедничка дружба во дворот на хотелот. Ноќевање.

OД ВТОР ДО ПОСЛЕДЕН ДЕН СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЕКСКУРЗИИ

Плажата Плави хоризонти.
Целодневна екскурзија на плажа Плави Хоризонти 
Плажата Плави Хоризонти, која се наоѓа на полуостровот Луштица e 300 метри покриена со извонреден златен песок и сместена среде живописната борова шума со маслинови дрвја. Плажата нуди низа рекреативни активности, вклучувајќи одбојка на плажа, тенис и кошарка. Дополнително, на лице место има ресторан кој нуди врвна услуга. Оваа плажа е со плаво знаме.

 

Разглед на Котор и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skrpjela и Пераст
По појадокот одиме на целодневна екскурзија. Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skrpjela и Пераст. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св. Лука, Столбот на срамот, црквата Св. Никола. По разгледот следува крстарење. Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPJELA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15. век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22. јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан. Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква, храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капела. Секоја година на зајдисонце на 22. јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. Потоа поминуваме низ најтесниот дел на заливот, Вериге, каде што непријателските бродови застанувале со синџири и го продолжуваме нашето патување по заливите Тиват и Херцег Нови. Оваа пловидба ќе ве однесе и до озлогласениот остров Мамула, поранешен затвор. Потоа следи кратка посета на старите подморнички бази. На крајот од патувањето се посетува Сината пештера како место за уживање и релаксација. Ова место, достапно само со брод, е познато по кристално чистата сина вода што ја опфаќа пештерата. Крстарењето трае околу 3 часа.

Посета на плажата ,,Jaz”
Оваа плажа е живописен дел од крајбрежјето во Црна Гора што се протега приближно 1,5 км и е поделено на три различни делови. Првиот, Jaz I , најблиску до Будва, е украсен со големи камења и камчиња, создавајќи уникатен пејзаж кој ги привлекува оние кои ја ценат природната убавина. Продолжувајќи понатаму, Jaz II може да се пофали со мешавина од мали камчиња и песок, што нуди различна текстура под нозете. Најзатскриениот дел, сместен надвор од разбрануваната река што го следи работ на плажата, има брег прекриен со фин, златен песок. На оваа плажа се организирале многу концерти како на Мадона, Дино Мерлин, Ролингстонс. Ден за одмор, уживање и водени лудории.

Посета на Дубровник и разглед на градот со локален водич
Појадок и потоа се упатуваме на целодневна екскурзија во Дубровник кој претставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање во хотел. Вечера, слободно време за одмор. Ноќевање.

Посета на плажата Плоче
Полудневна екскурзија до плажата ,,Плоче’’ која се наоѓа на брегот на Јадранското Море, во непосредна близина на Будва. Плажата има површина од 10.000 м2. За љубителите на убавото време има и коктел бар каде секојдневно се одржуваат настапи на различни диџеи а овде се одржуваат најдобрите журки во Будва.
Вечерна посета на Будва

ДЕН 8
Напуштање на собите и слободно време до договорениот термин за тргнување назад. Собите се напуштаат во 09:00ч. Поаѓањето за Македонија е во 14:00ч. Пристигнување во вечерните часови

 

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:
-Посета на плажата ,,Plavi Horizonti’’- 20 евра
-Посета на плажата ,,Jaz’’- 25 евра
-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич – 40 евра
-Вечерна посета на Будва – 15 eвра
-Посета на плажата Плоче – 20 евра
-Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст- 45 евра

ЈАДРАН ПАКЕТ – 90 евра (5 екскурзии) – заштеда 30 евра
-Посета на плажата плави хоризонти
-Посета на плажата ,,Jazz”
-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич
-Вечерна посета на Будва
-Посета на плажата Плоче

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНА
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано ;
• Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
• Во собите е дозволено сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете под 6 год., во кревет со двајца возрасни – Доплаќа само за превоз 70 еур.
• За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
• Сместувањето во собите е по 14.00 час – локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
• Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
• За ова патување важат Општите услови за патување на Организаторот

Можеби ќе Ви се допадне

SIMON KING Hotel **** – Vourvourou, Sithonia

ANGELA – Nea Vrasna, Strimonikos

STELIOS – Sarti, Sithonia

MARE BLUE BEACH Resort ****+ – Agios Spyridon, Corfu

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel