Комплексот е на 600 м оддалеченост од плажа во Агиос Јоанис. Идеална локација за истражување на преубавите плажи на Лефкада, а близината на главниот град, за прошетки, пазарење, ноќниот живот се дополнителен бенефит и причина да го одберете баш ова место за летување. Го препорачуваме на оние кои сакаат, пред се квалитетно сместување и активен одмор, кои доаѓаат на Лефкада исклучиво со сопствен превоз. Сместувачките капацитети се реновирани 2016 год. и имаат преубав панорамски поглед кон морето
Содржини: базен, бар покрај базенот каде се сервира појадок, паркинг, скара, бежичен интернет, рецепција
Соби: балкон, клима, сателитска ТВ, опремена кујна /фрижидер, ел. шпорет/, бебешко креветче /на барање/