Grand Palladium Sicillia Resort & Spa ***** - Campofelice di Roccella

ЛЕТО 2024

УСЛУГА

All

Оддалеченост од плажа

на плажа

Италија

Сицилија>Хотели

Grand Palladium Sicilia Resort & SPA 5* Campofelice di Roccella

 

Убав комплекс – комплетно реновиран 2019 година, на самиот морски брег со сопствена плажа, во националниот парк Мадоние. Го краси убава градина, квалитетна храна и забава од утро до вече

Grand Palladium Sicilia Resort & SPA 5* e сместен на 4 км од местото Campofelice di Roccella, во срцето на прекрасна и егзотична градина. На само 15 км се наоѓа живописното гратче Чефалу, до кое лесно може да се стигне со автобус – 2 пати дневно, со доплата. Палермо е на 45 км од хотелот и може да се стигне со автобус – еднаш дневно, со доплата. Од аеродромот е оддалечен 80 км.

Хотелот Grand Palladium Sicilia Resort & SPA 4* е на сопствена плажа. Идеален е како избор за семејства со деца, парови и групи. Нуди четири базена, детски базен, мноштво на спортски содржини, анимација за сите возрасти, 3 а-ла-карт ресторани, 6 бара, Wellness центар – Zentropia Palladium Spa & Wellness /парна бања, масажи, лековити процедури и др. услуги/.

Делукс собите, вкупно 152, сите во пастелни тонови, комплетно реновирани, располагаат со голем француски кревет или 2 одделни легла, како и со можност за помошно дополнително легло. Располагаат со: балкон, минибар, телевизор со рамен екран, сеф, пегла и даска за пеглање, ел. бокал, фен, телефон, бежичен интернет, централна климатизација.

Baby club: возраст помеѓу 1 и 3 години

Mini club: возраст помеѓу 4 и 12 / Работно време: 09:00 – 13:00 ч.

Junior’s club: возраст помеѓу 13 и 19 години /Работно време: 09:00 – 13:00

Хотелот нуди:

–        Аеробик, пилатес, јога, зумба;

–        Пинг-понг, фудбал, воден баскет, воден аеробик, одбојка, тенис, водна одбојка;

–        Вечерни шоу-програми и музика во живо.

Хотелот располага со 3 мултифункционални игралишта

Grand Palladium Sicilia Resort & Spa 5* располага со 4 базена.

Principal Sicilia – отворен од 09:00 ч. до 19:00 ч, со површина од 630m²

Principal Garden – отворен од 10:00 ч. до 19:00 ч, со површина од 450m²

Beach Pool – отворен од 09:00 до 19:00ч, со површина од 550m².

Beach Pool Children – отворен од 09:00 до 19:00ч, со површина од 35m²

СИЦИЛИЈА – ЛЕТО 2024

Чартер програма со поаѓање од Софија

Термини на поаѓање: 19.05.2024, 26.05.2024, 02.06.2024, 09.06.2024, 16.06.2024, 23.06.2024, 30.06.2024, 07.07.2024, 14.07.2024, 21.07.2024, 28.07.2024, 04.08.2024, 11.08.2024, 18.08.2024, 25.08.2024, 01.09.2024, 08.09.2024, 15.09.2024, 22.09.2024, 29.09.2024

 

Услуга: all inclusive

Цените се по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања и се движат од:

DELUXE BUNGALOW (макс. 2 лица) 1325 еур до 1870 еур

DELUXE (макс. 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год) 1350 еур до 1910 еур

DELUXE GARDEN VIEW (макс. 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год) 1375 еур до 1945 еур

DELUXE POOL VEW (макс. 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год) 1430 еур до 2040 еур

DELUXE SEA VIEW (макс. 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год) 1535 еур до 2190 еур

 

Во цената е вклучено:
– Директен лет Софија – Катанија со European Air Charter;
– 20 kg чекиран багаж и мал рачен багаж до 6 kg со димензии 55 x 40 x 20 cm;
– Аеродромски такси;
– 7 ноќевања, на база All Inclusive во хотел GRAND PALLADIUM SICILIA RESORT & SPA 5*;
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
– Претставник на тур-оператор за време на целиот престој.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цената не вклучува /задолжителна доплата/:

–        Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање, само доколку има зголемување на цената на горивото од денот на објавување на програмата

–        Боравишна такса, се плаќа на рецепција

 

Цената не вклучува /доплата по желба/:

– Дополнителна полудневна екскурзија Романтично Чефалу со дегустација на одличен сладолед по локален рецепт – 40 еур за возрасен, 20 еур за деца од 2 – 11, 99 години.
– Дополнителна целодневна екскурзија вулканот Етна (УНЕСКО) и волшебната Таормина – 92 еур за возрасен, 46 еур за деца од 2 – 11, 99 години.
– Дополнителна целодневна екскурзија до главниот град Палермо (УНЕСКО) и катедралата Монреале (УНЕСКО) – 71 еур за возрасен, 36 еур за деца од 2 – 11,99 години.

– Дополнителна полудневна екскурзија средновековниот замок Какамо – 51 еур за возрасен, 26 еур за деца 2-11,99 год
– Духот на Сицилија – светилиштето Gibilmana, замокот Ventimiglia и убавото Castelbuono, со дегустација на светски познатите слатки ФИАСКОНАРО – 46 еур за возрасен, 23 еур за деца 2 – 11, 99 год
– Пејзажи, вкусови и традиции на непозната Сицилија со вклучен ручек со музика во живо – 76 еур за возрасен, 38 еур за деца 2-11, 99 год.

– Пакет од 3 екскурзии (Етна и Таромина, Какамо и Палермо и Монреале) – 195 еур за возрасен, 98 еур за деца од 2 – 11,99 години.
– Пакет од 4 екскурзии (Етна и Таормина, Какамо, непозната Сицилија и Палермо и Монреале) – 272 еур за возрасен, 136 еур за деца од 2 – 11,99 години.

 

Ред на летање: Авиокомпанија: European Air Charter

Софија – Катанија – 15:00-16:20

Катанија – Софија – 17:45-22:00

Авиокомпанијата го задржува правото за промени во редот на летање.

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Времетраење  на трансферот: околу 2 часа од Катанија 

 

Услови за резервација:

Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!

Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

До 30 дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.

 

ВАЖНО:

1. Минимален број за реализација на програмата: 120 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.

2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.

3. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата во која се патува.

5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.

Можеби ќе Ви се допадне

PORTO RIO Hotel **** – Patra, Ahaia, Peloponnese

Hotel THERMANA PARK **** – Laško

IVAN RILSKI Apartments & Spa Hotel **** – Bansko

CASA GEORGIA – Sivota, Jonski Breg

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel