Grand Hotel Therme ***** - Banya Bansko

WELLNESS & SPA БУГАРИЈА

Услуга

BB / All inclusive

Локација

7 км од Банско

Bugarija

Banya Bansko

Grand Hotel Thеrme се наоѓа на периферијата на прекрасното село Бања, на ободите на столетна борова шума. Првите впечатоци на гостите за уникатноста на хотелот започнуваат веднаш штом ќе влезат и ќе поминат низ пространото лоби, кое им дава чувство на бесконечност. Тоа е засилено со дизајнерскиот алпски покрив и атриум во средината, кој започнува од приземјето и стигнува до таванот. Сè е во природни топли бои и материјали – гранит, дрво/јавор/, кожа и мермерни облоги. Површината на хотелот е 27.000 м2 и се состои од хотелски дел со 160 соби, 3 трикатни згради со 40 апартмани, 19 одвоени и терасовидни вили. Спа просторот зафаќа огромни 5.000 квадратни метри. Во близина се наоѓа голем фитнес центар од ланецот Pulse Fitness & Spa. Спа центарот на Therme нуди поволности што не можете да ги добиете никаде на друго место со своите разновидни спа содржини, кои ви гарантираат мирно и релаксирачко искуство. Сите внатрешни и надворешни базени се со минерална вода, која извира во непосредна близина, со температура од 56 степени. Капацитетот на спа центарот, кој е прв во Бугарија со вакви карактеристики, е до 500 лица истовремено.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цената вклучува: 

1 ноќевање по соба (за 2 лица) на одбраната усуга, бесплатно користење на надворешниот базен со минерална вода и  темп. од 39С, лакониум, хербална сауна, финска сауна, арома сауна, арома парна бања со шок базен, бежичен интернет

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума во денарска противвредност, по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

TWINS 2 – Nei Pori, Pieria

DIMIS – Sarti, Sithonia

LINDA – Leptokarija, Pieria

MARIA 2 – Kalithea, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel