Gouzelis се наоѓа на околу 230 m оддалеченост од плажа, во мирниот дел на Неи Пори. Располага со двокреветни и трокреветни студија, како и со четирикреветни, петокреветни и шестокреветни дуплекс апартмани. Секоја сместувачка единица поседува основно опремена кујна, купатило, ТВ и клима уред, кој се доплаќа дополнително (5 eur по ден во студио, 10 eur во дуплекс апартманите (две клими)). Промената на постелнина е еднаш во текот на престојот. Објектот има и Wi Fi интернет. Во приземјето на куќата има простор со гарнитури за седење и заеднички тоалет.
Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден
Влез во собите е во 16 ч, а напуштање во 9 ч
По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може
За хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)
Промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур
Промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување
ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ НА ПОТВРДЕНИ РЕЗЕРВАЦИИ:
40 ЕУР фиксен манипулативен трошок ако патувањето се откаже над 150 дена пред почетокот на патување,
10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,
15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,
30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,
40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,
80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,
90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,
100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето
ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel