КАМПАНИЈА – ЛЕТО 2026
КАМПАНИЈА – ЛЕТО 2026
Giulivo 4* се наоѓа на морскиот брег, опкружен со зеленило, во централниот дел на одморалиштето Baia Domizia. Префинет хотел, категорија 4*, со поглед на море, комплетно реновиран 2015. година. На гостите им се достапни 24-часовна рецепција, ресторан со интернационална кујна, базен, снек бар на плажа, лоби бар, сончева тераса, градина, просторија за багаж, детско игралиште, паркинг.
Нуди сместување во 65 двокреветни соби и студија, 5 трокреветни соби и 10 апартмани со: климатизација, фрижидер, сателитска телевизија, директен телефон, бесплатен сеф, приватна бања со фен и балкон. Студијата се наоѓаат на 5. кат и се опремени како стандардни соби. Тие имаат застаклена кујна. Немаат балкон.
Појадокот е традиционален италијански, организиран на шведска маса, вклучува – кроасани, мафини, англиски појадок, мусли, житарки, леб, овошен сок, путер, мармалад, мед, јогурт и топли напитоци. Вечерата се организира во ресторанот на хотелот на мени од три јадења со претходен избор помеѓу две менија од типична италијанска кујна, а салатите се од салад – барот. Менито со три јадења вклучува два вида тестенини, супа, главно – месо или риба и десерт – сутлијаш, торта или сладолед. Виното, вклучено во вечерата е од локални винарии. Барот на плажа нуди сендвичи, пијалоци, пиво и сладолед но тие се со доплата.
Хотелот има своја приватна плажа – долга и широка, со ситна песок. Чадори, лежалки и столови за плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Броевите на чадорот се даваат при пријавувањето и важат за целиот престој.
Бесплатни услуги: бесплатен Wi-Fi интернет низ целиот хотел, надворешен базен со чадори и лежалки, теретана, сауна, ТВ сала, мини бар. Хотелот располага со отворен базен со чадори и лежалки, теретана, ТВ-зона, пинг-понг, програма за анимација за деца и возрасни, вечерна забавна програма со часови по танц, кабаре шоу и сл., која трае до полноќ. Гостите можат да учествуваат на разни турнири и игри, како што се одбојка на плажа, пинг-понг, куглање, стрелаштво итн. Надвор од високата сезона, во вечерните часови анимацијата се одвива во лобито на хотелот. Пријавувањето во хотелот е после 15:30 часот, а одјавувањето е до 10:30 часот. Хотелот располага со соба за пеглање опремена со пегли. Заради безбедност од пожари, не е дозволено внесување или користење на пегли во собите.
ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 30.05.2026, 06.06.2026, 13.06.2026, 20.06.2026, 29.08.2026, 05.09.2026, 12.09.2026, 19.09.2026
Трансфер до софискиот аеродром е во Ваша сопствена режија!
Цените се за пакет аранжман по лице и се движат од (во зависност од терминот):
Од 730 до 985 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион+ /во зависност од терминот/
Максимален капацитет на собата е 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год. или 3 возрасни
Цената вклучува:
-авио билет на директен лет Софија – Наполи – Софија
-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см
-аеродромски такси
-трансфер на дестинацијата
-7 ноќевања на база полупансион /традиционален италијански појадок на шведска маса и вечера со послужување и претходен избор од 2 менија со 1/2 л вода и 1/4 л вино/
–чадор, лежалки и столови за плажа
-чадори и лежалки околу базенот
-интернет
-претставник за цело време на престојот
Цената не вклучува – задолжителна доплата:
– Такса за гориво и вредни емисии – се објавува 21 ден пред лет (само доколку има зголемување на цената на горивото од денот на објавување на програмата ;
-Општинска такса околу 7 еур по лице за целиот престој /се плаќа на лице место и подлежи на измени/
*Капа за базен (кога се купува на лице место) – 4 евра. Во базенот задолжително се влегува со капа.
-Слушалки за време на екскурзиите 15 еур по лице /3 еур по лице на ден/
-Административна такса на локалниот партнер 5 еур по лице
Цената не вклучува – доплата по желба:
-Целодневна екскурзија до Неапол – главниот град на јужна Италија и Кампанија – 84 еур за возрасен/42 еур за дете до 12 години;
-Целодневна екскурзија до Помпеја и Везув – 86 еур за возрасен/51 еур за дете до 12 години;
-Целодневна екскурзија до Соренто – 107 еур за возрасен/53 еур за дете до 12 години;
-Целодневна екскурзија до Позитано и Амалфи – 120 еур за возрасен/60 еур за дете до 12 години;
-Полудневна екскурзија до Гаета и Сперлоња – 70 еур за возрасен/35 еур за дете до 12 години;
-Целодневна екскурзија на островот Капри – 137 еур за возрасен/70 еур за дете до 12 години;
-Опција за посета на Анакапри – 50 еур за возрасен и дете до 12 години;
–Полудневна екскурзија до кралскиот дворец Казерта – 81 еур за возрасен / 40 еур за дете до 12 години;
Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):
Софија – Наполи (локално време)
Наполи – Софија (локално време)
Трансфер аеродром – хотел – аеродром со автобус.
Цените се валидни за 100% уплата со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel